Connect with us

Електронско банкарство

Халкбанк АД Скопје: Прескокнете ги редиците во банките, зачувајте го вашето здравје

Објавено

на

Во оваа модерна ера на технологии кога речиси секоја обврска може да ја завршите преку паметен телефон или компјутер, а особено во денешните услови на пандемија, вашата сигурност и безбедност се на прво место. Овозможете си спокој себеси и на блиските и работете сѐ што можете од удобноста на вашиот дом, избегнувајќи ги гужвите и редиците со кои претходно секојдневно сте се среќавале.

Здравјето и добросостојбата се приоритет секому, па токму затоа со користење на напредната технологија која во листата на погодности ги вклучува и онлајн плаќањата на сметки и секаков вид трошоци, може да помогнеме и на нашите блиски, баби и дедовци, родители, како едни од најранливите категории во време на пандемија.

Халкбанк е банка за која навистина се важни луѓето, а тоа го докажува и со можноста сите клиенти да ги вршат потребните плаќања без да го напуштат својот дом.

Електронското банкарство на Халкбанк нудиувид во вашата моментална состојба на сметка, состојба на платежна картичка, на извршени трансакции, вршење на секаков вид уплати – на режиски трошоци, на сметка на буџетски корисник, директна уплата на други сметки.

Покрај избегнувањето на редиците, предноста на електронското банкарство е во обезбедување заштита на нашите најмили. Секое плаќање можете да го извршите било каде, во било кое време, а сѐ што ви е потребно е компјутер и интернет конекција. Халкбанк креираше и неколку видео туторијали, кои може да се погледнат на нивниот YouTube канал, за побрзо и полесно справување со сите електронски плаќања и повеќе време со вашите најблиски.

Халкбанк АД Скопје постојано и континуирано ги усовршува своите услуги, дополнително на електронското банкарство, овозможува и мобилно банкарство, каде се достапни сите услуги како на компјутерот. Платете преку апликацијата на Халкбанк за таблети и мобилни телефони која e поддржана од Android и iOS.

Електронско банкарство

НЛБ Банка го овозможи мобилното банкарство за корисниците на новите Huawei телефони

Објавено

на

НЛБ Банка го овозможи користењето на НЛБ мКлик – мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство за правни лица на платформата AppGallery, за корисниците на новите модели на Huawei мобилни телефони.

Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица и преку платформата Huawei AppGallery е од големо значење, бидејќи обезбедува поголема достапност на дигиталните сервиси и можност истите да ги користат сите клиенти на банката.

Апликацијата НЛБ мКлик за физички лица е достапна на следниот линк: https://appgallery.huawei.com/#/app/C103005871

Апликацијата НЛБ мПроклик за правни лица е достапна на следниот линк: https://appgallery.huawei.com/#/app/C103010517

НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик мобилното банкарство за правни лица имаат модерен и интуитивен дизајн и овозможувaат едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку овие две апликации за мобилно банкарство, клиентите можат да се реализираат сите банкарски трансакции брзо и лесно само со еден клик без потреба од дополнителен уред токен. Воедно, НЛБ мКлик апликацијата ја нуди можноста за аплицирање на НЛБ мКлик кредит, како и on-line отворање на трансакциска сметка директно преку мобилен телефон.

Апликациите НЛБ мКлик и НЛБ мПроклик овозможуваат директен пристап до Банката, постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, како и пристап до целата палета на продукти и услуги кои Баната им ги нуди на своите клиенти.

Повеќе информации во врска со оваа понуда клиентите можат да добијат на веб страницатa nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката или преку контакт центарот на телефон 02/15 600.

Продолжи со читање

Домашни банки

Донесете ја банката во вашата домашна канцеларија

Објавено

на

Работењето од дома, кое ни го наметна корона пандемијата, претставува ненадејна промена за многумина и прилагодувањето на ваквата работа за некои би можело да биде голем предизвик. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Ново од Интернет банка на Комерцијална банка: оn-line аплицирање за кредитни картички и поднесување рекламации за трансакции со картички

Објавено

на

Комерцијална банка им овозможи електронско (online) аплицирање за кредитни картички за физички лица на сите корисници на услугата Интернет банка кои имаат опција за плаќање. Оваа дигитална услуга може да ја искористат за да аплицираат за сите кредитни картички што ги издава Банкатавклучително и новиот СМАРТ кредит преку картичка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно