Connect with us

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје започнувајќи од 1-ви февруари ќе изврши промена на Тарифата за платен промет во земјата

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека почнувајќи од 01.02.2021 година направи измена во тарифата за надоместоци и услуги на Банката во делот на месечно одржување на трансакциона сметка за правни лица, се менуваат следните тарифни ставки и истите гласат:

  • за остварен месечен промет од 500.001 до 1.000.000 денари Банката ќе наплаќа провизија од 600 денари месечно;
  • за остварен месечен промет над 1.000.000 денари Банката ќе наплаќа провизија од 900 денари месечно;

Останатите тарифни ставки во платниот промет во земјата остануваат непроменети.

Детален увид во актуелните надоместоци на Банката можете да погледнете на тарифата објавена на веб страницата.

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 6,05 милиони денари во првите три месеци од 2021 година

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и на домаќинствата, притоа максимално залагајќи се за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка „Супер потрошувачки кредит“ и камата од 4,25% – фиксна за првите 2 години

Објавено

на

Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

Објавено

на

ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во секојдневното работење се стреми да придонесе за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залага и вложува во сопствената еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот. (more…)

Продолжи со читање




Популарно