Connect with us

Домашни банки

Халкбанк АД – Скопје започна да врши исплата на депонентите на “Еуростандард банка” АД

Објавено

на

Обесштетувањето на осигурениот износ на депозитот на депонентите на “Еуростандард банка” АД во стечај започна на 15 септември 2020 година (вчера) до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари и секој депонент ќе има на располагање 36 месеци, односно 3 години од денот на почеток на исплатата, да го оствари своето право на обесштетување во банките-исплатувачи.

Преку Халкбанк АД – Скопје се врши обештетување за сите депоненти: физички лица и самостојни вршители на дејност чие презиме/чиј назив започнува со буквите: С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Обесштетувањето се извршува во филијалите и експозитурите на Халкбанк АД Скопје на целата територија на нашата држава. Повеќе информации за филијалите/експозитурите, како и за нивното работно време може да добиете на следниов линк.

Депонентите, освен лично присуство, треба да приложат и валиден документ за идентификација, и тоа:

  • физички лица резиденти – лична карта или пасош издадени од МВР на РСМ
  • физички лица нерезиденти – странски пасош

Самостојни вршители на дејност со личен труд треба да обезбедат:

  • Тековна состојба од Централен регистар на РСМ не постара од 3 месеци (оригинал на увид)
  • Лична карта или пасош од овластеното лице за застапување на регистрираното лице за вршење самостојна дејност
  • Барање за пренос на средства (барањето е изготвено од страна на Банката, а се пополнува лично од овластеното лице за застапување на регистрираното лице за вршење самостојна дејност и се заверува со печат).

За да го оствари правото на исплата на обесштетувањето, депонентот мора да потпише Потврда за сопственост на депозит. Потврдата ќе се потпишува директно на шалтерите во Банката кога депонентот ќе дојде за да го оствари правото на обесштетување.

Исплата на средствата ќе се врши само на сопственикот на сметката / законскиот застапник / старател наведен во Потврдата, со приложување на важечки документи за идентификација.

Во случај на спреченост депонентот лично да го оствари своето право на обесштетување, исплатата на средствата ќе се врши и на лице овластено врз основа на полномошно заверено од нотар.

За физички лица резиденти со депозит на износ до 5.000 денари, кои немаат активна сметка во Банката и немаат активни блокади во ЕРТС, исплатата ќе се врши готовински.

Доколку износот за обесштетувањето на депонентот – физичко лице резидент е еднаков или поголем од 5.001 денари, депонентот има постоечка активна сметка во Халкбанк или има активни блокади евидентирани во Единствениот регистар на трансакциските сметки, исплатата на обесштетувањето ќе се врши со безготовински пренос на средствата на денарска трансакциска сметка во Халкбанк АД Скопје (постоечка или новоотворена сметка на име на депонентот, која ќе се отвори согласно законските прописи). Истата постапка се однесува и за физичко лице нерезидент (за кој било износ на обесштетување).

За самостојни вршители на дејност со личен труд исплатата ќе се врши со пренос на постоечка или новоотворена сметка на депонентот врз основа на предходно пополнето Барање за пренос на средства во кое ќе биде наведено на која трансакциска сметка на вршителот на самостојна дејност да бидат пренесени средствата.

Доколку при идентификација на депонентот се утврди несовпаѓање на личните податоци на депонентот (име/презиме, матичен број) со податоците од Списокот на депоненти и Потврдата за сопственост, Халкбанк нема да изврши обештетување и ќе го упати депонентот да ги ажурира своите лични податоци во Фондот.

За сите дополнителни информации Ве молиме да се обратите на e-маил адресата: TellersSupport@halkbank.mk.

Домашни банки

Развојна банка: Инструкции за плаќање на обврски по основ на бескаматен кредит “Ковид 1”

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение ги извести корисниците на бескаматен кредит од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), “Ковид 1” дека инструкциите за плаќање се достапни на веб страницата на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка ќе изврши исплата на полугодишна камата од 9% на имателите на Перпетуални обврзници

Објавено

на

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје на 22.01.2021 година ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO, објави банката преку соопштение до Македонската берза. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка и Mastercard® со донација од 10.000 евра за помош и грижа на деца со аутизам

Објавено

на

Новогодишните и Божиќните празници оваа година, како никогаш досега, ни ги предочија семејните вредности, почитувањето и одговорноста, бесценетоста на помагањето и на грижата за другите. Но, хуманите вредности и општествената одговорност се дел од принципите на деловната практика на Комерцијална банка во континуитет. Комерцијална банка помага, а победата е за сите.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно