Connect with us

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје, горд поддржувач на трката HalkEco Хронометар 10KM

Објавено

на

Првата Хронометар атлетска трка, HalkEco Хронометар 10KM што во саботата се одржа на кејот на Вардар, покажа дека и во услови на пандемија е можно да се организираат спортски настани, доколку се почитуваат пропишаните мерки и препораки. Трката, која беше во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје и со поддршка на Халкбанк како генерален покровител, беше спроведена со специјален протокол, претходно одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Главниот Координативен Кризен Штаб.

На оваа трка немаше публика, а сите учесници и организатори мораа да се придржуваат до мерките за заштита од КОВИД-19 што вклучува носење заштитна маска, дезинфекција на раце и држење дистанца. Од безбедносни причини помеѓу секој од натпреварувачите имаше временски интервал за старт од 30 секунди.

„Халкбанк АД Скопје секогаш со задоволство поддржува настани кои промовираат физички активности. Токму со таа цел и ја создадовме апликацијата HalkEco со која сакаме да поттикнеме формирање здрави навики и да придонесеме за зачувување на животната средина. Како генерален спонзор задоволни сме што сé помина во најдобар ред, со почитување на заштитните протоколи, а задоволство искажаа и трчачите кои по толку време од почетокот на пандемијата и воведените рестриктивни мерки за заштита на здравјето, добија можност да учествуваат на некоја трка. Начинот на организација на трката HalkEco Хронометар 10KM е најдобар показател дека свеста и дисциплината на спортистите се на високо ниво и дека со строго почитување на протоколите, навистина е можно да се организираат спортски настани“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на дирекцијата за корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Сите натпреварувачи добија медали кои по влегување на целта си ги земаа сами. Најдобрите 5 тркачи во машка и женска конкуренција добија парични награди, а дополнително Халкбанк, како генерален покровител на трката, за учесниците обезбеди и пригодни подароци.

HalkEco апликацијата, по која и е наречена трката, може да се симне на секој паметен телефон преку Play Store или App Store и со неа за секоја активност (трчање, пешачење, возење велосипед или тротинет) се собираат HalkCoins за кои, во зависност од бројот,
следуваат подароци и други бенефиции. Во текот на работните денови и за време на градскиот метеж (07:30 – 09:30 и 15:30 – 17:30), секој километар вреди 2 HalkCoins, за време на викендите 0,5 HalkCoins, а останатото време носи 1 HalkCoin. Истовремено, на овој начин се обезбедуваат дрвја за кои Халкбанк презема обврска да ги засади, со што корисниците заедно со Банката придонесуваат за почиста и поздрава околина.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Објавено

на

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.

Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.

Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.

Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.

„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.

Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.

Продолжи со читање

Популарно