Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Криптовалути

Хакери украле 7.000 криптовалути во вредност од 41 милиони долари

Објавено

на

Хакери украле биткоини во вредност од 41 милион долари од берзата Бајненс, една од најголемите берзи за криптовалути во светот, соопшти компанијата.

Ова, како што оценува Ројтерс, е последна во низата кражби од криптоберзи ширум светот.

Хакерите украле 7 илјади криптовалути користејќи различни техники, вклучувајќи “кражба на идентитети, вируси и други напади”, се наведува во објавата на интернет страницата на оваа берза.

Во соопштението се додава и дека корисничките фондови нема да бидат погодени од овој напад бидејќи компанијата ќе го искористи својот фонд на безбедни активи за да ги покрие загубите на корисниците.

Веста за хакирањето предизвика цената на биткоинот да падне за дури 4,2% на раното азиско тргување, но сепак нешто подоцна успеала да поврати дел од загубата.

Минатата година беа украдени 950 милиони долари во облик на криптовалути од криптоберзите, што е речиси за 260% повеќе во однос на претходната година, покажало истражувањето на американската компанија за сајбер безбедност “CiptherTrace”.

Дури 58% од кражбите минатата година биле изведени на берзите во Јапонија и Јужна Кореја.

Криптовалути

Американско регулаторно тело бара Фејсбук да се откаже од криптовалутата

Објавено

на

Биткоинот се урна со вредноста во крајот на неделата при тргување во Азија откако регулатори во САД побараа Фејксбук да запре со разработката на сопствена криптовалута, објавија американски медиуми. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот е повторно во мода

Објавено

на

Најголемата светска криптовалута биткоин достигна дневен максимум од 11,307.69 долари според платформата CoinDesk, која ги зема во предвид цените на дигиталните валути на различни берзи. Тоа е највисоко ниво од 5 март 2018 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Серена Вилијамс инвестира во криптовалути!?

Објавено

на

Една од најуспешните тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс на својот Инстаграм профил објави дека има инвестиција во берзата за криптовалути Coinbase. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange