Connect with us

Компании

Хакери украле приватни податоци на повеќе од 3 милиони клиенти на Волксваген

Објавено

на

Повеќе од три милиони луѓе во САД и десетици илјади клиенти во Канада станаа жртви на кражба на податоци од страна на хакери кои го компромитираа системот на надворешен партнер на „групацијата Фолксваген“.

„Групацијата Фолксваген“ викендов потврди дека нивната подружница во САД, која собирала податоци за клиенти за маркетинг и продажба преку Интернет, била жртва на хакерски напад, а анонимни хакери украле податоци од повеќе од 3,3 милиони луѓе од нивниот систем, пренесе „Reuters“.

Тоа се податоци што вклучуваат имиња, телефонски броеви, е-пошта и адреси на живеење, а во голем број случаи и VIN броевите на нивните автомобили, како и броевите на возачката дозвола и броевите за социјално осигурување, кои се особено чувствителни податоци во САД.

Украдените податоци се однесуваат на купувачите на возила „Фолксваген“ и „Ауди“, како и на оние кои контактирале со овие компании заинтересирани за можна набавка на возила.

„Групацијата Фолксваген“ објави дека веќе контактирала околу 90 илјади клиенти чии најчувствителни податоци биле украдени и им понудила бесплатна помош за заштита.

Кражбата се случила меѓу август 2019 година и мај 2021 година, а покрај Соединетите држави, биле компромитирани и неколку десетици илјади клиенти од Канада.

„Фолксваген“ не објави за кој добавувач станува збор.

Компании

Оглас за вработување во Македонски Телеком АД-Скопје

Објавено

на

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа своја стратешка определба, постојано ги следи и применува најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.

Заради пополнување на позиција во тимот, Македонски Телеком АД има потреба од талентиранo лицe на работно место:

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Триглав Пензиско Друштво

Објавено

на

Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од Секторот за инвестиции како:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИСКО ПОРТФОЛИО
(more…)

Продолжи со читање

Компании

Маја Стефкова-Штериева реизбрана, а Миран Ковач избран за нов член на Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)

Продолжи со читање


Популарно