Connect with us

Останато

Хакери украле податоци од кредитни картички на 2.000 клиенти

Објавено

на

Британската нискобуџетна авиокомпанија „EasyJet” објави дека кинески хакери украле податоци од кредитни картички на околу 2.000 корисници и сега имаат пристап до електронски налози, сметки и детали за патувања на девет милиони корисници на компанијата.

Изворите велат дека хакерските алатки и техники користени во нападот укажале на група на сомнителни кинески хакери кои имаат таргетирано повеќе авиокомпании во последните неколку месеци.

Хакерскиот напад беше многу софистициран, соопшти компанијата, пренесува „Reuters“.

„Нема докази дека личните податоци на клиентите биле злоупотребени… Ние комуницираме со околу девет милиони наши клиенти, чии детали за патувањето се украдени од хакерите и ги советуваме за какви безбедносни чекори да преземат за да се минимизира ризикот од„ фишинг “, изјавија од „EasyJet”.

Оваа вест за кражба на податоците може да резултира со огромна казна за британската авиокомпанија, која веќе е принудена да ги приземји своите летови поради пандемијата на Ковид-19 и се соочува со огромни загуби.

Останато

Ангеловска на „Woman in Tech”: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата

Објавено

на

Оваа ковид-19 криза, донесе големи предизвици, но истовремено и можности за технологиите и жените претприемачи и истата треба да се искористи за да ги направиме работите подобри во иднина, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на виртуелната меѓународна конференција организирана од „Women in Tech” на панел со тема “Дипломатската визија да се охрабрат жените во науката, технологијата, инженерство и математиката“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Листа на работни места со најмал стрес

Објавено

на

Без разлика дали работите во канцеларија или во рудник, иако се комплетно различни, и двете работни места можат тешко да влијаат врз психата. Сепак, разни истражувања го утврдија списокот на најмалку стресни работни места. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Половина милион работници во Италија ќе ја загубат работата поради коронавирусот

Објавено

на

Во Италија, во текот на 2020 година, околу 500.000 луѓе ќе ги загубат своите работни места како резултат на кризата со вирусот Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно