Криптовалути
Хакери обвинети за крадење на 400 милиони долари во криптовалути во 2021 година


Севернокорејски хакери украле речиси 400 милиони долари (291 милиони фунти) – во дигитални валути, при најмалку седум напади на платформи за криптовалути минатата година, се тврди во еден извештај, кој го пренесе „BBC”.
Компанијата за анализа на блокчејн „Chainalysis” информира дека ова е една од најуспешните години за сајбер-криминалците во затворената источноазиска држава.
Мета на нападите главно беа инвестициски фирми и централизирани берзи.
Северна Кореја негираше дека е вмешана во хакерски напади.
„Од 2020 до 2021 година, бројот на хакери поврзани со Северна Кореја скокна од четири на седум, а вредноста извлечена од овие хакери порасна за 40 отсто”, се вели во извештајот на „Chainalysis”.
Хакерите користеле голем број техники, вклучувајќи мамки за фишинг, експлоатирање на кодови и малициозен софтвер за да ги симнат средствата од „жешките” паричници на организациите и потоа да ги пренесат на адреси под контрола на Северна Кореја, соопшти компанијата.
Во февруари минатата година, САД обвинија три лица од Северна Кореја, компјутерски програмери, за масивно хакерство со цел да украдат над 1.3 милијарди долари – пари и криптовалути.
Според Министерството за правда, сајбер нападите погодија компании од банки до холивудски филмски студија.
Криптовалути
Бил Гејтс: Криптовалутите се измама за будали


Американскиот милијардер Бил Гејтс не е фан на криптовалутите и NFT. Основачот на „Microsoft” на конференцијата „TechCrunch” изјави дека криптовалутите се една голема измама. (more…)
Криптовалути
ЦРН ДЕН ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Биткоинот на најниско ниво од декември 2020 година


Биткоинот во текот на вчерашниот ден падна на најниско ниво дури од декември 2020 година, бидејќи падот на берзите продолжува крајно негативно да влијае и на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. (more…)
Криптовалути
Најголемата платформа за трговија со криптовалути BINANCE привремено ги запре исплатите во биткоини


„BINANCE”, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите”. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје