Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Платежни картички

Хакери клонирале платежни картички и украле повеќе од 1,5 милиони евра од германска банка

Објавено

на

Бразилски хакери украле повеќе од 1,5 милиони евра (1,65 милиони американски долари) од германската банка Олденбургс Ландесбанк (ОЛБ) преку клонирање на дебитните картички на клиентите и покрај тоа што оригиналните картички биле заштитени со ЕМВ (Чип-и-ПИН) технологија.

Инцидентот го забележале повеќе експерти за компјутерска безбедност кои утврдиле дека се работи за “специфични” трансакции, односно мета на кражбата биле единствено платежни картички од брендот “МастерКард” издадени од германската банка.

Веднаш по инцидентот, од германската банка ОЛБ во изјава за медиумите сооштија дека околу 2.000 клиенти се жртви на кражбата. По овој немил настан за клиентите на банката, ОЛБ ги блокирала сите дебитни „Мастеркард“ картички и сега е во процес на издавање на нови картички што ќе ги заменат “хакираните”.

Од германската банка изјавуваат дека оваа кражба била резултат на организиран компјутерски криминал во кој се вклучени фалсификувани платежни картички и хакирани ПОС терминали.

Многу германски купувачи се прашуваат како е можно криминална група да клонира картички што имаат вградена ЕМВ технологија, имајќи предвид дека оваа технологија за чип-и-ПИН се промовира токму како најсигурен начин за спречување на ваквите хакерски напади. Досега се покажало во низа случаеви дека ваквите напади се можни и се случуваат веќе неколку години наназад. Но, фактот што овие хакирања се случиле во Бразил, не е за изненадување. Според извештајот од Касперски за 2018 година, кога ваквите напади почнаа да се зголемуваат по број, бразилските хакери стекнаа репутација дека се способни да клонираат ЕМВ картички.

Шпанскиот аналитичар за компјутерска безбедност и експерт за банкарски измами, Мануел Пинтаг, изјави за медиумите дека Бразил и Мексико се „најголемите лаборатории за клонирање на картички ЕМВ“.

Платежни картички

[Венко Глигоров]: Кои се следните чекори за Пејпал?

Објавено

на

Венко Глигоров од Логин Системс во својата нова објава вели дека со одлуката на Народната банка се надмина главната регулаторна пречка и со тоа првиот чекор е направен, но сеуште е рано да се зборува за (одржливи) резултати. Со други зборови, “За да носи мед, саќето треба да е подготвено”.

(more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Двојно CASHBACK – изненадување од Стопанска банка а.д. Битола и Mastercard!

Објавено

на

Кредитните картички кои се веќе дел од речиси сечиј паричник се одличен начин да си дозволите уживање плус за себе и своите најблиски како и опуштено да трошите повеќе на подновување со нови парчиња гардероба или некое ново парче мебел во домот. Трошењето на средства и купувањето нови работи на сите ни претставува задоволство, но истото би било уште поголемо доколку дел од средствата кои ги потрошиме повторно се вратат на нашата сметка. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

МКЦ во соработка со Шпаркасе Банка воведе специјализирана припејд картичка

Објавено

на

За прв пат на домашните фестивали и културни настани, а по примерот на меѓународните фестивали, Младински Културен Центар (МКЦ) – воведе безготовински припејд систем на продажба, што ја прави и прва културна институција во земјава што воведува припејд картичка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange