Connect with us

Останато

Фудбалските клубови и берзата – голеада на терен не значи и заработка на берзата!?

Објавено

на

Сите се согласуваме дека фудбалот е најважната споредна работа во светот, а голем процент од вљубениците во фудбалската игра ќе тврдат дека најважни се всушност парите.

Каде се среќаваат овие две работи (а да не се во прашање обложувалниците)?

Покрај тоа што голем дел од фудбалските поддржувачи и фанови преку обложување на својот омилен фудбалски клуб се обидуваат да дојдат до одредена заработка, некои тоа можат да го направат и преку инвестирање на берза и купување на акции од својот омилен клуб, пишува портлот „Berze.me“.

Ако фудбалот ви е омилен спорт и исто така ако го сакате тргувањето на берза, сигурно барем еднаш сте се запрашале дали вашиот омилен фудбалскиклуб е акционерско друштво и дали е можно да станете еден од неговите сопственици со купување акции.

Во продолжение ви прикажуваме листа на фудбалски клубови кои се регистрирани како акционерски друштва и чии акции котираат на некоја од светските берзи. Како што може да се забележи од листата, нема многу такви клубови, но веруваме дека многумина од вас ќе го пронајдат својот омилен клуб од Англија, Италија, Германија, Шпанија, Франција…

Едно е важно да се разјасни – заработката на берзата не може да се мери, ниту пак во никој случај да се спореди со заработката од обложување, бидејќи како што ќе видите цените на овие акции не варираат значително, но од друга страна, не можете да го изгубите целиот влог ( како што за жал е најчестиот случај во обложувалниците).

Друг важен податок е тоа што резултатите и успесите на клубот на теренот обично НЕ кореспондираат со движењето на цената на акциите на тој клуб на берзата.

Затоа, во никој случај не помислувајте дека доколку некој фудбалски клуб оствари победа во Лигата на шампионите или трофеј во домашниот шампионат, истовремено ќе ви донесе дополнителна заработка на берзата.

1. Манчестер Јунајтед  – Пазарна капитализација 2,66 милијарди долари. Цена на една акција – 15,95 долари

Манчестер Јунајтед се измачува во домашната Премиер лига и европските натпреварувања (освен што го освоија второто најсилно натпреварување на УЕФА – Лига Европа во сезоната 2016/17) откако легендарниот менаџер Алекс Фергусон ја напушти клупата во 2013 година. По неговото заминување, Манчестер Јунајтед сеуште ја нема освоено Премиер лигата, а далеку од трофеј е и во останатите натпреварување во кои учествува, иако променија неколку менаџери и потроши стотици милиони фунти на трансфер пазарот.

Клубот заработува пари во 3 главни сегменти:

Комерцијални приходи што вклучуваат:

  • Спонзорства: Светски познати брендовите му плаќаат на клубот високи суми за да ги истакнува нивните логоа на стадионите и дресовите со цел нивна промоција и рекламирање.
  • Продажба на облека, дресови и други производи со логото на клубот: продажба на дресови, продажба на спортска облека, чаши за кафе, па дури и постелнина и други производи коишто го содржат името и логото на Манчестер Јунајтед.
  • Приходи од ТВ права и радиодифузија: Приходите од емитувањето доаѓаат од глобалните телевизиски права во врска со Премиер лигата, клупските натпреварувања на УЕФА и други натпреварувања.
  • Останати приходи (Matchday earnings): Продажба на билети, продажба на храна и пијалоци на стадионот. Олд Трафорд е еден од најголемите стадиони во Велика Британија и кога е се нормално, кога нема светска пандемија и ограничувачки мерка, речиси секогаш е исполнет до последното место.

2. Јувентус  – Пазарна капитализација 1,05 милијарди долари. Цена на една акција – 0,79 долари

Јувентус е најуспешниот италијански фудбалски клуб и ја освои титулата во Серија А минатата сезона, а воедно доминира во италијанската Калчо лига неколку години по ред, освојувајќи девет последователни титули.

Дополнителна вредност на тимот му донесе аквизицијата на Кристијано Роналдо, кој несомнено е главна ѕвезда во тимот и кој во голема мера придонесе за висок пораст на акциите на клубот, како и неговата вредност воопшто.

Во декември 2001 година, Јувентус ги котираше своите акции на италијанската берза и во моментов е еден од трите италијански клуба со чии акции се тргува на берзата.

Но, ниту купувањето на Кристијано Роналдо не беше доволно за висока добивка на клубот, па затоа доколку сте инвестирале во акциите на „старата дама”, вашата инвестициска сметка ќе беше во црвена боја. Цената на акцијата на најтрофејниот италијански клуб се намали за високи 35% во последните 20 години.

Ова е уште еден доказ дека успехот на фудбалските терени, не кореспондира со берзанската добивка.

3. Борусија Дортмунд – Пазарна капитализација 502 милиони долари. Цена на една акција – 5,52 долари

Борусија Дортмунд е познат германски фудбалски клуб со прекар „Милионерите”. Тие го добија својот прекар затоа што отсекогаш биле многу успешни на трансферот пазарот, кадешто со години одлично функционира нивната беспрекорна стратегија на создавање на млади и перспективни таленти во фудбалски ѕвезди и нивна продажба.

„Милионерите” важат за еден од најуспешните германски фудбалски клубови со освоени 8 шампионски титули во германското првенство, 3 титули во купот на Германија, како и една титула во Лигата на шампионите. Но, сите овие се успеси од минатото, бидејќи веќе со години доминантен тим во Германија е тимот на Баерн Минхен.

Но, иако нема некои поголеми успеси на теренот, акциите на Борусија Дортмунд се зголемиле за фантастични 137% во последните 16 години. Нивните акции котираат на берзата во Франкфурт уште од далечната 2000 година и се уште се единствениот германски фудбалски клуб кој јавно котира на германската берза.

Доколку сте вложиле во акциите на овој германски клуб, можеби и вие сега ќе сте биле „милионер”.

4. Ајакс – Пазарна капитализација 290 милиони долари. Цена на една акција – 15,84 долари

Ајакс е еден од најголемите и најпознатите холандски клубови, но и еден од најстарите и најтрофејните фудбалски клубови во Европа. Ајакс има освоени 34 фудбалски првенства во Холандија и 19 титули во Купот, а освојувач е и на 4 трофеи во Лигата на шампионите.

Ајакс со години е познат по својата филозофија на развој на талентирани играчи кои се производ на една од најпознатите фудбалски академии во светот. Тие со години наназад не можат да се носат рамо до рамо со фудбалските великани кои се финансиски далеку помоќни од Ајакс, но затоа пак продаваат фудбалери во подем кои подоцна стануваат фудбалски ѕвезди.

Но, иако со години заработуваат стотици милиони евра од продажба на своите најдобри играчи, тие никогаш не ги вложуваат во купување на некоја суперѕвезда која чини многу на трансфер пазарот, туку исклучиво се придржуваат до нивната стратегија за развој на млади играчи.

Акциите на Ајакс котираат на холандската берза од далечната 1998 година и за тоа време нивната вредност се зголеми за 30 проценти. Ова покажува дека иако се велемајстори на трансфер пазарот, немаат некој позначителен успех на берзата.

5. Рома – Пазарна капитализација 178 милиони долари. Цена на една акција – 0,28 долари

Рома е еден од најпознатите италијански фудбалски клубови и најпознатиот клуб од Рим.

Акциите на Рома котираат на берзата од 2000 година и за овие 21 година нивната вредност доживеа вистински колапс, губејќи ја вредноста за дури 88%, најмногу под влијание на непрофитабилното работење на клубот.

Воедно, од 2000 година, Рома нема позабележителни резултати ниту на фудбалските терени.

6. Лацио – Пазарна капитализација 79 милиони долари. Цена на една акција – 1,17 долари

Сосиета Спортива Лацио или попознат само како Лацио, е италијански фудбалски клуб кој игра во Серија А, клуб од преградието на Рим. Клубот го игра својот натпревар на домашен терен на стадионот „Олимпико“ со капацитет од 82.300 места во Рим, а теренот го дели со градскиот ривал, далеку попознатиот клуб од главниот град, Рома.

Идентично како и својот градски ривал и акциите на Лацио котираат на берзата од 2000 година, но тој беше првиот италијански клуб кој се одлучи на таков чекор, а малку подоцна му се придружија Рома и Јувентус.

Слично како и лутиот градски ривал, ниту Лацио нема поголеми успеси на фудбалските терени, а нивната последна титула во италијанската Калчо лига беше освоена во 2000 година, точно кога и нивните акции започнаа да котираат на берзата.

Сепак, како и на фудбалските терени, така и на берзата тие немаат голем успех. Па сите оние што вложиле во акциите на овој фудбалски клуб погрешиле, бидејќи нивната вредност се намалила за 97%.

7. Селтик – Пазарна капитализација 113 милиони фунти. Цена на една акција – 120 фунти

Ривалите од Глазгов, Селтик и Ренџерс, имаа свои акции котирани на берзата во Лондон до 14 јуни 2012 година, кога Ренџерс прогласи банкрот. Како резултат на тоа, Селтик доминираше во шкотската лига и освои 9 последователни титули, последната во сезоната 2018/2019, бидејќи претходната беше откажана поради пандемијата на коронавирусот.

Доминацијата во лигата многу влијаеше на цената на акциите на Селтик и истата се зголеми за високи 85% во последните 26 години.

Сепак, по нивна долгогодишна доминација, оваа година титулата замина во рацете на лутиот ривал Ренџерс, па за очекување е во брзо време нивните акции повторно да се појават на лондонската берза.

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк

Останато

Евростат: БДП на еврозоната зголемен за два проценти во однос на првиот квартал

Објавено

на

Според првата проценка на статистичката служба на ЕУ објавена претходната недела, бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се зголеми за два проценти во периодот од април до јуни во споредба со првиот квартал годинава. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Поштите на Србија и Северна Македонија потпишаа Протокол за деловна соработка во рамките на „Отворен Балкан”

Објавено

на

Директорите на Поштите на Србија и Северна Македонија, Зоран Ѓорѓевиќ и Јани Макрадули во Белград потпишаа Протокол за деловна соработка, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Донесен ребалансот на Буџетот, повеќе финансии за поддршка на стопанството и граѓаните

Објавено

на

Собранието во текот на вчерашниот ден со 56 гласови „за” и 37 „против”, го донесе ребаланост на Буџетот за 2021 година. За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом. (more…)

Продолжи со читање

Популарно