Connect with us

Останато

Францускиот БДП ќе се намали за високи 11 проценти во 2020 година

Објавено

на

Францускиот министер за економија и финансии, Бруно ле Мер изјави дека владата очекува пад на БДП од високи 11 проценти до крајот на годината како последица на коронавирусот.

Ле Мер ја нарече сегашната корона криза „исклучително брутален економски шок“, но рече дека е убеден дека економијата ќе закрепне во 2021 година благодарение на програмите и мерките за државна помош.

Француската економија веќе се намали за 5,3 проценти во првиот квартал на 2020 година, а се очекува дополнително да падне за 20 проценти во вториот квартал поради продолжување на кризата предизвикана од пандемијата на вирусот Ковид-19.

Останато

Битиќи: Потребно е да има ребаланс на Буџетот, поради новиот пакет антикризни мерки

Објавено

на

Етничкиот клуч за вработување во приватниот сектор, не одговара на модерна, развојна и конкурентна економија, туку за тоа е најважна компетентноста и професионалноста, вели вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи во емисијата „Трилинг“ на ТВ24. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Средба Бесими – Брнз: САД значаен стратешки партнер

Објавено

на

„Соединетите Американски Државни се еден од најзначајните стратешки партнери на Република Северна Македонија. Одличните политички релации меѓу двете земји треба да поттикнат и попродлабочена економска соработка во блиска иднина. Очекуваме зголемен број на директни инвестиции од САД во следниот период, кои ќе креираат работни места за високо едуциран кадар и извоз на добра со повисока додадена вредност“ – ова се пораките кои министерот за финансии, Фатмир Бесими ги упати на денешната официјална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, која беше придружувана од раководителот на канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Четвртиот пакет мерки има три столба – социјален, опоравување на бизнисот и фискална и финансиска стабилност

Објавено

на

Четвртиот пакет на мерки ќе се заснива на три столба – социјален и здравствен кој ќе се однесува на граѓаните и нивниот стандард, вториот столб ќе биде за бизнисите односно економската активност и работните места, сите активности што подразбираат ликвидност, финансиската стабилност и економското опоравување и третиот столб е фискалната и финансиската стабилност воопшто во економија вклучувајќи ја и финансиската стабилност на општините. Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на емисијата Економски магазин на Алсат-М телевизија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно