Connect with us

Странски банки

Француската централна банка се поблиску до лансирање на дигиталната валута

Објавено

на

„Banque de France” – централната банка на Франција соработува со осум компании за тестирање на апликации за меѓубанкарски порамнувања на дигиталната валута што централната банка планира да ја пушти во оптек во најскоро време.

Во април, централната банка на Франција објави Јавен повик за прибирање на апликации.

Осум апликанти беа избрани во потесен круг за тестирање на дигиталната валута, а тоа се: – „Accenture”, „Euroclear”, „HSBC”, „Iznes”, „LiquidShare”, „ProsperUS”, „Seba Bank” i „Societe Generale – Forge”.

Тестирањата предложени од избраните апликанти ќе овозможат:

(I) да се истражуваат нови начини на размена на финансиски инструменти (со исклучок на крипто-средства) за пари на централната банка,

(II) да се тестираат порамнувањата во дигиталната валута на централната банка за да ги подобрат условите за прекугранични плаќања со трансакции и

(III) ревизии на аранжманите за ставање на пари достапни на централната банка.

Од „Banque de France” – централната банка на Франција велат: „Поуките кои ќе се извлечат од овие експерименти и тестирања ќе бидат директен придонес кон глобалното размислување на Евросистемот за вредноста на „CBDC”“.

Во мај, централната банка на Франција го спроведе својот прв експеримент со „Societe Generale” за да ја тестира употребата на блокчејн платформата за порамнување на трансакциите на дигиталната валута на централната банка.

 

„Societe Generale” тогаш објави дека напорите ја демонстрираат изводливоста на дигиталното порамнување и испорака во „CBDC” за меѓубанкарските порамнувања.

На крајот на краиштата, технологијата може да ја подобри автоматизацијата и да ги скрати процесите на плаќање, да ја поедностави пазарната инфраструктура и да ја зголеми безбедноста.

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Акционерите на ЕБОР го одобруваат членството на Ирак

Објавено

на

Ирак го направи првиот чекор да стане членка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). (more…)

Продолжи со читање

Популарно