Connect with us

Странски банки

Француската банка „Crédit Agricole” со огромна помош за здравствените работници за време на пандемијата од коронавирусот

Објавено

на

Француската банка „Credit Agricole” воведе конкретни мерки за поддршка на здравствените работници во Србија – до крајот на тековнава година никој од медицинските работници нема да плати камата за кредит или нема да има други трошоци на дозволеното пречекорување или кредитна картичка, без оглед дали се работи за луѓе кои веќе имаат искористен дозволен минус или дури сега аплицираат.

Ова е дополнителна мерка на Банката која ќе биде целосно имплементирана за поддршка на клиентите, надвор од оние дефинирани од Народната банка на Србија во врска со мораториумот за кредитите.

Вонредната состојба со која се соочува целиот свет како резултат на пандемијата на коронавирусот бара секоја институција, од своја страна, да даде јасен придонес за да може секој да помине низ овој предизвикувачки период колку што е можно побезболно.

„Credit Agricole” како членка на една од најмоќните банкарски групации во светот, сака да ги поддржи сите здравствени професионалци, кои се на фронтот и го ризикуваат својот и животот на своите најблиски со цел да спасат нечии животи во борбата против минијатурниот, но многу моќен заеднички непријател наречен Ковид-19 (коронавирусот).

Во таа насока, „Credit Agricole” донесе одлука да им овозможи на сите здравствените работници кои примаат плата преку Банката да користат бесплатно дозволено пречекорување на трансакциска сметка до крајот на 2020 година, без оглед дали тие веќе го имаат дозволениот минус искористено или дополнително ќе аплицираат за него.

„Веруваме дека на овој начин ќе им обезбедиме финансиска поддршка на луѓето кои во овие денови целосно го занемарија својот приватен живот и нивното здравје со цел да се грижат за здравјето на нивните сограѓани. Со овој гест, ние сакаме да испратиме јасна порака до сите медицински професионалци: Ви благодариме за борбата што ја водите во име на сите нас! “– рече Ромалд Ле Мејсон, член на Извршниот одбор на „Credit Agricole”.

Оваа одлука го опфаќа периодот од 1 март и ќе важи до 31 декември 2020 година, а ги вклучува сите здравствените работници кои во овој период имаат активен дозволен минус во Банката или ќе аплицираат за него.

Ова претставува одлична помош за оние кои во моментов го ризикуваат својот и животот на своите најблиски со цел да им помогнат на своите сограѓани кои се борат против овој моќен непријател, а тоа секако се во моментов националните херои наречени медицински персонал.

Ова е одлична идеја и за нашите македонски банки да ги поддржат здравствените работници и да им обезбедат исти или уште подобри кредитни привилегии, бидејќи без нив во моментов кризата предизвикана од коронавирусот само дополнително ќе зема поголем замав кон сите сфери на општеството.

Странски банки

Светска банка: Јавниот долг драстично се зголемува бидејќи македонската економија силно е погодена од Ковид-19

Објавено

на

Светската банка не е загрижена за зголемувањето на јавниот долг во земјата. Оттаму истакнуваат дека иако јавниот долг за една година се зголемил за 10 – 11% од БДП и проценуваат годинава да достигне до 61.6% од БДП, сепак очекуваат дека буџетската дупка ледната година ќе се намали. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно