Connect with us

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19.

Педесет и пет годишната Рено-Басо, сегашна генерална директорка на Трезорот, е прва жена на функцијата шеф на ЕБОР. Таа исто така во 2016 година била прва жена која дошла на чело на Трезорот, една од главните управи во француското Министерство за економија и финансии.

Таа ќе ја преземе должноста подоцна оваа година од Британецот Сума Шакрабарти, кој во јули поднесе оставка во банката, која ја предводеше од 2012 година.

„Советот на гувернерите на ЕБОР ја избра Французинаката Одил Рено-Басо за иден претседател”, се наведува во соопштението на оваа институција.

Вршителот на должност претседател на ЕБОР Јирген Ригтерник и честиташе на новата шефица, оценувајќи дека таа ќе и донесе на банката „огромно меѓународно искуство”.

ЕБОР, со седиште во Лондон, е формирана по падот на Берлинскиот ѕид, со цел да им помогне на источните земји во транзиција кон пазарната економија. Меѓутоа од финансиската криза 2007-2008 таа силно ги прошири активностите во прилог на економски развој, но неодамна и во борбата против климатските промени.

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Италија ги избра „Bank of America” и „Orrick” за советници во приватизацијата на Monte dei Paschi (MPS)

Објавено

на

Италијанското Министерство за финансии ги избра „Bank of America” и „Orrick” за финансиски и правни советници за да обезбедат договор за спојување на спасената италијанска банка „Monte dei Paschi” (MPS) како дел од планот за приватизација, изјавија за „Reuters” четири извори блиски до ова прашање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

НЛБ Групацијата оствари нето добивка од 104,6 милиони евра

Објавено

на

Нето добивката на НЛБ групацијата заклучно со третиот квартал на 2020 година достигна 104,6 милиони евра, што е за 36% помалку во споредба со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно