Connect with us

Странски банки

Франција бара од швајцарска банка 1,6 милијарди евра отштета поради перење пари

Објавено

на

Француската држава, странка во судскиот процес против големата швајцарска банка УБС во Париз, побара „отштета од 1,6 милијарди евра“ за да го санкционира големиот „систем за измама и перење пари“.

Адвокатот кој ја застапува државата Ксавиер Норман Бодар го критикуваше „системот достоен на Тартуф во кој банките се трудат да не гледаат, не слушаат и не знаат во име на банкарската тајна“.

Тој побара од кривичниот суд во Париз да „го казни системот на измама и перење пари кој функционира долги години благодарение на благонаклоноста на банките кои често ги затвораат очите пред состојбата во која биле нивните клиенти во матичните земји, под услов да им го доверат имотот на тајни сметки или фондови, фондации и слично, со седишта на Бахамите или во Џерси“.

Овие обвинувања решително ги негира УБС на која ѝ се суди затоа што меѓу 2004 и 2012 нелегално испраќале свои претставници во Франција за преку француската подружница да бараат богати клиенти на гала вечери, на лов или на спортски настани и да ги наговорат во Швајцарија да отворат непријавени банкарски сметки.

На матичната банка ѝ се заканува парична казна која може да достигне половина од парите на тајните сметки кои се проценуваат на над 10 милијарди евра.

Швајцарските банкари упорно повторуваат дека „не знаеле“ за непријавените сметки на француските клиенти бранејќи се дека законот не ги обврзува да се уверат во регуларноста на фискалната ситуација на своите клиенти во земјата во која живеат.

„Ваквиот систем постои со години. Ќе се смени благодарение на меѓународните договори за размена на информации. Но, таа промена не е синоним за амнестија. Сметките мора да се платат“, заклучи Норман Бодар.

Странски банки

Салвини: Златото од Банката на Италија му припаѓа на народот

Објавено

на

Златните резерви во централната Банка на Италија се во сопственост на народот, а не на некој друг, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Сосиете Женерал ја објави продажбата на својот мнозински удел во Молдавија на ОТП Банка

Објавено

на

Сосиете Женерал склучи договор да го продаде својот мнозински удел во Молдавија на ОТП Банка. Завршувањето на трансакцијата се очекува да се случи во наредните месеци, по прием на потврди од релевантните локални банкарски, монополски и пазарни органи. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Програмер вработен во банка пронашол “баг” на банкомат и си повлекол 1 милион долари

Објавено

на

Звучи како наслов од филм, но станува збор за реалност. Незадоволен програмер во банка успеал да пронајде шема за банкоматот да издава “бесплатни” пари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange