Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Форум: прогресивниот данок лошо ќе влијае врз туризмот

Објавено

на

Растечкиот тренд во македонскиот туризам и неговиот потенцијал бараат соодветни стандарди, од квалитет на услугите, преку лиценци и категоризација на објектите, до регулирање на областа заради спречување на нелојалната конкуренција и севкупно подобрување на фактичката состојба. Ова беа темите на форумот „Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка” во Охрид што го организираа четирите стопански комори.

-Не секогаш легислативата е проблем, туку начинот на кој се имплементира. Многу често заради начинот на кој се донесуваат, законите и прописите секогаш не соодветствуваат на реалната состојба, истакна Љубомир Димовски, раководител на проектот што се реализира со поддршка на УСАИД.

Туризмот денес нуди повеќе перспективи на локално, регионално и глобално ниво од кои се проценува дека има потенцијал да биде не само профитабилна, туку и водечка економска гранка во Македонија.

Даниела Михајловска – Василевска, координатор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори, појасни дека во рамки на проектот се реализираат активности на теми за кои бизнис-асоцијациите процениле дека постои потреба од законски измени и воведување одредени нови решенија.

-Сметаме дека постои простор за нови решенија за подобрување на туристичките услуги, не само преку корекција на легислативата, туку и со иновативни или нови содржини во понудата, рече Михајловска – Василевска.

Деканот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Цветко Андреески, посочи дека сите документи, искуства, научни сознанија со кои располага високообразовната институција се достапни на коморите и надлежните институции во функција на уредувањето на проблематиката за натамошен развој на туризмот како стопанска гранка.

– Добар дел од мерките за развој на туризмот што ги спроведува државата се базираат токму врз препораки изготвени од страна на нашата установа. Моментно работиме на истражувачки проект за мерење на резултатите од преземените мерки за развој на туризмот. Тоа ќе покаже кои мерки дале резултати, а кои потфрлиле, рече Андреески.

Следниот форум во рамки на проектот за стратешки развој на туризмот и државната политика за негова поддршка ќе се одржи во вторник во Скопје.

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие, за 20% повеќе од лани

Објавено

на

Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јуни е поголем за околу 20% во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започнува со работа фондот за школување и вработување на БЕФ

Објавено

на

Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб-академијата Еверест и со финансиска поддршка на Sparkasse, го објави денес својот прв јавен повик за кофинансирање стручни студии во област на веб-развојот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange