Connect with us

Анализи

ФОРМУЛА ЗА ПРОФИТ НА ОБСГ: Зголемени плати и намалени резервации!

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал за девет месеци од тековната 2018 година успеа да направи значително подобрување во однос на финансискиот резултат споредбено со претходната година.

Согласно билансот на успех, финансискиот резултат за периодот од 1.1.2018 до 30.9.2018 г. изнесува 531,6 милиони и е значително повисок, односно за 2,5 пати во однос на остварениот резултат за истиот период минатата година.

Два сегменти се особено интересни за анализа. Станува збор за трошокот за вработени и исправката на вредноста (резервации).

Во анализираните девет месеци од тековната година евидентно е зголемувањето на трошокот за вработени, односно инвестицијата во вработените преку исплата на повисок личен доход. Имено, во периодот од 1.1.2018 до 30.9.2018 г. на име трошоци за вработени исплатени се 254 милиони денари, додека во текот на 2017 година за 12 месеци за истата ставка потрошени се 243,8 милиони денари. Доколку се донесе заклучок согласно финансискиот резултат на банката досега, повеќе од јасно е дека стратегијата на инвестирање во своите вработени и постојано наградување носи ефект.

Согласно податоците за банката објавени на веб страната, бројот на вработени во Охридска банка Сосиете Женерал на 30.06.2018 година изнесувал 400.

Вториот сегмент претставува исправката на вредноста, односно нивото на одвоени резервации. Во анализираниот период е остварено ослободување на исправката на вредноста на нефинансиските средства во износ од 8,4 милиони денари што се должи на продажба на преземени средства.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од третиот квартал од 2018 година изнесува 232,8 милиони денари и, споредено со истиот период во 2017 година, бележи намалување за 51%.

 

Анализи

Кои се околностите за спојување на Дојче Банк и Комерцбанк?

Објавено

на

Не е само политичкиот пејзаж на Германија што гледа пресврт. Сега се чини дека германската влада е подготвена да го санкционира спојувањето помеѓу две од нејзините некогаш големи банкарски сили, Дојче банк и Комерцбанк. Ова се чини дека е потег за да се осигури дека Германија може да тврди дека има еден финансиски играч кој може да обезбеди доволно финансиска поддршка на германските компании дома, а особено во странство. Ова е идеја оптоварена со опасност. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кој ќе биде најоштетен од воведувањето на прогресивниот данок?

Објавено

на

Повеќе од една деценија во Македонија се употребува рамниот данок. Но, дали го постигна ефектот кој што се очекуваше? Воведен под велот на рамноправност за сите граѓани, всушност го постигна спротивното односно продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банкарската индустрија не е подготвена за новата ера на маркетинг

Објавено

на

Извештајот за Водич за Финансиски маркетинг во 2018 година, спонзориран од Deluxe, е најдобриот ресурс на индустријата за да се разбере распределбата на буџетите, приоритизацијата на стратегиите и предизвиците со кои се соочуваат финансиските пазари на глобално ниво. За прв пат овој извештај, исто така, обезбедува разбирање на алатките за дигитален маркетинг што се користат од страна на финансиските институции за да се подобри насочувањето, да се автоматизира испораката и да се генерираат подобри резултати. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange