Останато
Форбс: 100 најголеми бизнис умови на модерното време


Во чест на својата 100-годишнина, списанието Форбс објави листа на 100 најголеми бизнис умови на модерното време, објави Фактор.
Таа вклучува претприемачи и бизнисмени од различни индустрии, вклучувајќи технологија, мода и забава. Луѓе кои или создале нешто што покажало долготраен ефект во светот или пак биле автори на некоја иновација.
Сите учесници учествувале активно во проектот, споделувајќи идеи, лекции, мудрости. Нивните имиња не се наредени хиерархиски, туку по азбучен ред.
Очекувано на листата го гледаме основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, креаторот на Фејсбук, Марк Цукерберг. Исто така го има и шефот на Амазон, Џеф Безос, и британскиот милијардер Ричард Бренсон. Легендарниот инвеститор Ворен Бафет исто така не е пропуштен.
На листата се наоѓаат и модниот шеф Џорџо Армани, како и Мајкл Блумберг, Боно од У2 и раперот Шон Кумбс, познат како Пи Диди, Пол Макартни, Илона Муск, Миуча Праса, Карлос Слим, Доналд Трамп, Опра Виндри, Џек Флеч и други.
Целата листа на 100 најголеми бизнис умови може да ја видите тука.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје