Connect with us

Останато

Фондот за осигурување на депозити досега обештетил околу 72% од депонентите во Еуростандард банка со износ над 3 милијарди денари

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити ја информира јавноста дека по двонеделен период од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, исплатата се одвива одлично и без поголеми пречки во однос кон депонентите.

До денес се исплатени вкупно 3 милијарди денари што претставува близу 72% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу ¾ од средствата на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени.

Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот.

Криптовалути

Facebook ја пушта во оптек својата криптовалута „Libra“

Објавено

на

„Facebook” ќе ја пушти својата криптовалута „Libra“ веќе во јануари, објави „Financial Times“, повикувајќи се на три извори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно