Депозити
Фондот за осигурување на депозити досега исплатил 77% од вкупниот износ на обесштетување

Фондот за осигурување на депозити ја информира јавноста дека од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,2 милијарди денари.
Досега исплатениот износ претставува близу 77% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.
Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот.
До денес се исплатени близу 10 милиони денари по основ на обесштетување на наследници на депоненти на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај.
Депозити
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека изврши зголемување на редовните каматни стапки за физички лица на сите депозитни производи. (more…)
Депозити
Замисли желба, штеди и исполни ја со Новогодишниот Промо депозит на Халкбанк

Секој од нас има соништа и желби. Можеби посакувате поголем дом, одмор во некоја егзотична земја или луксузен автомобил. Можеби сакате да можете да го живеете пензионерскиот живот што е можно поудобно. Или да ја реновирате куќата, да започнете сопствен бизнис или да ги купите најновите гаџети. (more…)
Депозити
Новогодишен Промо депозит од Халкбанк со камати до 3,3%

Во пресрет на предновогодишната еуфорија кога сите се подготвуваме за дочекот на Новата година, покрај трошоците што ги правиме за славење и набавка на подароци за најблиските, потребно е да размислуваме и за целите кои што планираме да ги исполниме и плановите што сакаме да ги реализираме во текот на 2023та година. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје