Connect with us

Останато

Фондот за осигурување на депозити: Депонентите во Еуростандард банка АД Скопје ќе бидат обештетени за своите депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити согласно Решението на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15 -20139/1 од 12 август 2020 година за укинување на дозволата за основање и работа на Еуростандард банка АД Скопје ги известува сите физички лица – депоненти на Еуростандард банка АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи.

„Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август, 2020 година.

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година.Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.

Под вкупни депозити на еден депонент се подразбира: денарски и девизни депозити и трансакциски сметки на физички лица во банката, депозити врзани за паричните картички издадени од банката, девизни приливи на физички лица и сертификати за депозити издадени од банката.

Фондот ќе ги извести депонентите-физички лица за ДАТУМОТ НА ПОЧЕТОК НА ИСПЛАТАТА на обесштетувањето и за НАЗИВОТ НА БАНКАТА/БАНКИТЕ преку која/кои ќе се врши исплатата на депозитите.”, се вели во соопштението на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во Еуростандард банка АД Скопје.

За дополнителни информации, граѓаните коишто ги користеле услугите на Еуростандард Банка АД Скопје, може да се обратат секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:

е-адресата: info@fodsk.org.mk или на телефонските броеви: 02/ 3235-730 и 02/3235-735.

Криптовалути

Facebook ја пушта во оптек својата криптовалута „Libra“

Објавено

на

„Facebook” ќе ја пушти својата криптовалута „Libra“ веќе во јануари, објави „Financial Times“, повикувајќи се на три извори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно