Connect with us

Домашни банки

ФЛЕКС ФОНД – Флексибилноста пред се!

Објавено

на

ПроКредит Банка на своите клиенти им овозможи нова промотивна понуда за дозволено пречекорување ФЛЕКС ФОНД. Со оваа опција, клиентите имаат можност да искористат дозволено пречекорување на своите трансакциски сметки во висина од две плати и каматна стапка од само 7% годишно.

Како прва и единствена дигитална банка на пазарот, ПроКредит Банка континуирано инвестира во модерни и иновативни технологии со цел да им овозможи 24-часовна услуга на клиентите. Покрај оваа поволност, со електронското или мобилното  банкарство, клиентите на банката имаат можност сами, во секое време да ја користат оваа услуга, притоа добивајќи комплетна флексибилност, сигурност и дискреција при раководење со своите лични финансии и не мора да зависат од работното време на филијалите.

ПроКредит Банка е банка со 100% германски капитал, банка која ги следи иновациите и прва банка во Македонија која го напушти традиционалниот концепт во банкарското работење, ориентирајќи се кон целосна модернизација и дигитализација обезбедувајќи им на клиентите 24 часовна ONLINE услуга.

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје оствари добивка во висина од 8,3 милиони денари во првото полугодие од 2020 година

Објавено

на

Во периодот март-јуни 2020 година, македонската економија се одвиваше во услови на прогласена вонредна состојба. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Костовски: Народната банка изврши холокауст во банкарскиот сектор врз Еуростандард банка

Објавено

на

Најголемиот акционер во Еуростандард Банка АД Скопје, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото за ликвидација на Еуростандард банка се спремало, а тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите навреме. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје оствари добивка од 30,5 милиони денари во првите 6 месеци од 2020 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2020 до 30.6.2020 година ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката за 2020 година, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување, во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата од вирусот COVID-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно