Connect with us

НБРМ

„Фич“: Кредибилната политика на Народната банка резултира со ниска инфлација и финансиска стабилност

Објавено

на

Македонската економија се карактеризира со ниска инфлација и финансиска стабилност како резултат на водењето кредибилна финансиска и макроекономска политика, конзистентни со стратегијата на стабилен курс на денарот во однос на еврото.

Денарот е стабилен и на долг рок нема фактори коишто би влијаеле на нарушување на неговата стабилност. Банкарскиот сектор има силна основа и покажа отпорност во пролонгирани периоди на политичка несигурност и во текот на значајни економски шокови, вклучително и во текот на пандемијата на корона-вирусот. Со намалувањето на основната каматна стапка, Народната банка обезбеди ликвидност којашто овозможи поголема кредитна поддршка за економијата. Се очекува монетарната политика да остане олабавена и во текот на следната година.

Ова се дел од оцените и заклучоците во најновиот извештај на рејтинг-агенцијата „Фич“ за нашата земја, во кој Агенцијата ја дава својата кредитна анализа.

Во однос на домашната валута, во извештајот на „Фич“ се нагласува дека де факто фиксната врзаност на денарот со еврото е добро поставена и дека одговорот на Народната банка во изминатиот период од отпочнувањето на корона-кризата наваму е во согласност со политиката на избегнување девизни притисоци.

Во Извештајот одделно е нагласена значајноста на монетарното олабавување од март минатата година наваму, заради засилената кредитна поддршка за реалниот сектор. Истовремено, се оценува дека инфлациските притисоци остануваат умерени, имајќи ја предвид и стапката од 2,1% на годишно ниво во март. „Очекуваме монетарната политика да остане олабавена во текот на 2021-2022 година, со оглед на политиката на Европската централна банка“ – напоменуваат од „Фич“.

Во Извештајот е нагласено и дека во изминатиот период, банкарскиот сектор не доживеа притисок врз ликвидноста, кредитната активност продолжи, а фундаментите останаа силни. Системот е соодветно капитализиран и профитабилен, сметаат од „Фич“. Истовремено, нагласуваат дека нефункционалните кредити се намалија на 3,4% на крајот на 2020 година, во споредба со крајот на 2019 година, кога тие беа на ниво од 4,6%.

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел: Зелените финансии станаа потреба

Објавено

на

Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Во мај годишен раст од 2,4% на вкупните депозити и 9,9% на вкупната кредитна поддршка

Објавено

на

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 проценти при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 проценти, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 јуни 2022 година. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 јуни 2022 година (вторник). (more…)

Продолжи со читање


Популарно