Останато
„Фич” и „Стандард и Пурс” го потврдија кредитниот рејтинг на земјава

Кредитните агенции „Фич” и „Стандард и Пурс” го потврдија уште еднаш кредтниот рејтинг на Македонија, при што „Фич” ја оценува земјава со ББ+, но сега со негативен изглед поради глобалната пандемија, додека „Стандард и Пурс” со ББ- со стабилен изглед.
Како што соопшти Министерството за финансии, и двете кредитни агенции, како резултат на ковид-19 кризата и проекциите за забавување на глобалната економија, предвидуваат контракција на економскиот резултат во 2020 година и опоравување, односно раст во 2021 година, со тоа што „Фич” проектира -4,2% за 2020 и 5,1% раст во 2021, додека „Стандард и Пурс” -5% во 2020 и 3,8% во 2021 година.
Кредитните агенции ги нотираат мерките кои се преземени од Владата, насочени кон зачувување на работните места, поддршка за најпогодените индустрии, како и меки регулаторни мерки. Како што се наведува и во двата извештаи, мерките ќе придонесат за зголемување на буџетскиот дефицит и ќе влијаат на зголемување на државниот долг кој според проценките на кредитните агенции ќе се приближи до 50%. Заедно со опоравувањето на економијата се предвидува и намалување и стабилизирање на буџетскиот дефицит.
„Кредитните агенции го оценуваат банкарскиот сектор како стабилен исто како и домашната валута која има фиксен курс со еврото.
И двете агенции како позитивно го оценуваат зеленото светло од Европската унија за почеток на преговори што заедно со спроведувањето на реформи може значително да придонесе за развој на економијата”, пишува во соопштението.
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
Останато
Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)
Останато
Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје