Останато
ФИТР ја укина финансиската помош за компании од листата на УЈП за неисплатени плати од државна помош


Фондот за иновации и технолошки развој ја информираше јавноста дека ја запира реализацијата на проектите од компании што се најдоа на листата на УЈП за неисплатени минимални плати од државна помош.
Стaнува збор за три активни проекти, од кои за еден се досега исплатени финансиски средства (Гери Ван Симон ДООЕЛ), а кои се предмет на мониторинг од страна на меѓународна ревизорска куќа. За активните проекти на останатите две компании (МСТ Солушн и Лини 08 ДООЕЛ) досега не се исплатени финансиски средства од Фондот.
Овој чекор следи по објавените податоци од УЈП и Генералниот секретаријат на Владата, што укажуваат на несоодветен однос на овие компании кон работниците, особено во време на глобална пандемија со КОВИД 19. Истото, сериозно влијае врз угледот, а со тоа и капацитетот на овие компании за реализација на предвидените проекти.
“Одлуката во однос на натамошниот статус на овие проекти ќе биде донесена од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот, а по завршување на процедурите пред надлежните институции задолжени за реализација на државната помош за минимална плата.Фондот за иновации и технолошки развој спроведува строги процедури и механизми за заштита на јавниот интерес и средства, што важи за сите корисници, без исклучок.” – велат од ФИТР.
Останато
Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2%, а увозот за 28,7 проценти


Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4.097.486.000 евра и бележи раст од 20,2 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699.000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. (more…)
Криптовалути
(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?


Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје