Останато
ФИТР: Првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра ќе овозможи рапиден раст и развој на македонските иновативни компании


Фондот за иновации и технолошки развој со поддршка на Министерството за финансии и Светска Банка го креираше првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра. По тој повод, денеска се одржа панел дискусија на тема: „Сè што треба да знаете за инвестицискиот фонд” во рамките на „Глобалната недела на претприемништво 2021″, а во организација на Стартап Македонија.
Говорници на настанот беа: Коста Петров, директор на ФИТР, Игор Андреев, ко-основач на X Фактор Акцелератор, Игор Маџов, инвестициски фасилитатор во Swiss EP и претседател на Стартап Македонија, Ивана Станковиќ, советник во ФИТР и Гого Рафајловски, оперативен директор на SEEU Tech Park.
Целта на Инвестицискиот фонд е развивање на пазарот на капитал и отворање на нови можности за инвестирање во стартапи, со цел трансформација на македонскиот стартап екосистем но и создавање на нови услови за развој на „Venture Capital” во државата.
„Со оглед на активностите на ФИТР во изминатата година, формирањето на Инвестицискиот фод е логичен редослед во насока на поддршка на стартап екосистемот и овозможување на побрз развој, полесен пристап до финансии и полесен влез до глобални пазари. Одиме чекор напред во димензионирање на поддршката на Фондот од директна во индиректна со креирање на поволни услови за оние кои им нудат поддршка на стартапите.” посочи, Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
Петров додаде дека во Инвестицискиот фонд, државата ќе учествува со 10 милиони евра, додека остатокот од 17 милиони ќе биде приватен капитал и од меѓународни финансиски институции. Инвестициите на Фондот ќе се движат од 100.000 евра до 1,5 милиони евра, а ќе се инвестира во македонски но и регионални стартапи.
„Стартувањето со работа на новиот Фонд ќе претставува огромен импулс за уште посилен развој на македонската стартап сцена. Посебно важно за нас како приватен акцелератор е тоа што намерата е да се засили влезот на приватни инвеститори во поддршката на растот на компаниите на глобално ниво. Со оглед на фактот што ние инвестираме во рана фаза, со износи до 100.000 евра, за иновативните стартапи кои имаат глобален потенцијал за раст, од голема важност ќе биде и целокупната поддршка за понатамошен развој во следна рунда на инвестиции.”, резмираше на панел дискусијата Игор Андреев, ко-основач на X Фактор Акцелератор.
Според претседателот на Стартап Македонија, Маџов: „иновативативните и перспективните компании се секогаш во потрага по нови и алтернативни извори на финансирање за да растат. Овој фонд го гледаме само како почеток во права насока за обезбедување на поголема подршка и развој на инвестирањето преку удели во земјава.“
Фондот кој се очекува да започне со работа следната година, ќе биде менаџиран од меѓународно избрано Друштво за управување со фондови, кое е регистрирано согласно Законот за алтернативни инвестициски фондови во ЕУ.
„Ваквата поставеност на поддршката од Фондот се очекува да го стимулира дополнително приватниот капитал со тоа што значително го намалува ризикот од инвестирање во стартапи и овозоможува трансфер на знаење од веќе докажани ЕУ инвестициски фондови“, објасни Гого Рафајловски, оперативен директор на SEEU Tech Park.
Со вклучувањето на искусни приватни инвеститори и успешни претприемачи, поддршката од Инвестицискиот фонд ќе се состои не само во финасии, туку и во пренесување бизнис искуства, вмрежувања, градење успешни бизнис модели и сл.
Останато
Претседателот на ССК, Ангелоски од Војводина: „Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан


Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски и потпретседателот проф. д-р Орце Симов остварија посета на Покраинската влада на Војводина, каде беа дел од настан на високо ниво за претставување на асоцијација „Зелен навигатор на Западен Балкан“. Ангелоски е член на Управниот одбор на „Зелен навигатор“ кој е воспоставен како единствена иницијатива на јавниот и приватен сектор основана со цел да ја забрза регионалната трансформација на економијата и локалната заедница кон климатска одржливост. (more…)
Останато
ЕБОР со милијарда евра помош за Украина


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) собра една милијарда евра помош за Украина на годишното генерално собрание неделава, соопшти претседателката Одил Рено – Басо. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје