Connect with us

Останато

ФИТР: Отворен јавниот повик за иновациски ваучери – високообразовните институции се вклучуваат во развојот на домашната економија

Објавено

на

Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри.

Како што соопшти Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), повикот предвидува 15 милиони денари кои од денеска може и да се исплаќаат.

Фондот за првпат воведува нов принцип на доделување на средства по принципот “прв дојден – прв услужен“, односно според редоследот на поднесувањето на комплетни апликации. Апликациите се поднесуваат исклучиво по електронски пат, а рокот за аплицирање ќе трае се додека не се исцрпат предвидените средства.

Иновациските ваучери ќе можат да се искористат за покривање до 80 проценти од вкупните трошоци на научно-истражувачките услуги, во максимален износ од 500.000 денари, без данок на додадена вредност (ДДВ). Останатиот дел од 20 отсто е учество на компанијата, корисник на услугите од факултетите. Рокот за реализација на средствата од ваучерите ќе изнесува шест месеци. Иновациските ваучери овозможуваат директен финансиски поттик кој претпријатијата го користат да покријат дел од трошоците за услугите кои ги нудат академските и научно-истажувачките институции, на тој начин ќе се интензивира обемот и динамиката на развојот на производите и услугите како и нивниот пласман на пазарот.

Средствата ќе можат да се користат за активности како: развој на нови и подобрување на постоечки производи, процеси или услуги; доказ на концепт, студија за изводливост, техничка спецификација, производство на лабораториски прототипови, изработка на демонстрациони прототипови, различни видови на испитувања, валидација на технологија, советодавни услуги во врска со иновациска дејност, развој и воведување на посебен софтвер за производ или процес, како и за специфични обуки во врска со развојот на технолошки решенија.

Директорот на Фондот, Јован Деспотовски, на презентацијата на Најавата за јавниот повик на 11 септември годинава, нагласи дека „за првпат државата воведува инструмент со кој директно поттикнува соработка меѓу академската заедница и бизнис секторот во функција на економскиот развој.”

„Она што е многу важно е дека директен корисник на финансиската поддршка се Универзитетите, додека компаниите добиваат услуга од академскиот кадар – професори, асистенти и студенти. Нашата цел е директно да вклучиме академската заедница во економскиот развој на државата“, изјави Деспотовски.

Изминатите две недели ФИТР оддржа и две онлајн инфо сесии со заинтересираните апликанти.

Презентацијата и апликацискиот пакет за Јавниот повик се достапни на следниот линк.

Останато

Се менува Законот за ДДВ, ќе се прифаќаат електронски фактури

Објавено

на

Со крајна цел да се олесни процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма – pdf или друг електронски формат – се предвидува во измените на Законот за данокот на додадена вредност кои беа усвоени од страна на Владата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Арафат Муареми: Отворена е истрага за Еуростандард банка, а има и индиции за злоупотреба на европските фондови

Објавено

на

Финасиската полиција отвори предистрага за „Еуростандард банка“, изјави вчера во емисијата Трилинг на ТВ24 директорот на управата Арафат Муареми.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Македонската компанија „Брејнстер“ го освојува австрискиот пазар со обуки за дигитални вештини

Објавено

на

Најпознатата македонска компанија од сферата на образованието базирано на потребите на индустријата, по пет години од своето постоење во земјава се шири во Европа. Брејнстер е еден од ретките македонски брендови кои успешно просперираат на австрискиот пазар. Првите предавања во Виена официјално започнуваат во понеделник, во рамки на т.н. Bootcamps посветени на двете во моментот најбарани и најплатени професии во дигиталниот свет – UX/UI Design и Data Science. (more…)

Продолжи со читање

Популарно