Останато
ФИТР и УСАИД ја продолжуваат соработката за поддршка на стартап бизнисите и претприемништвото


Фондот за иновации и технолошки развој и УСАИД потпишаа Мeморандум за соработка со кој ја продолжуваат соработката за поддршка на претприемништвото и стартап бизнисите, зајакнување на капацитетите на приватниот сектор и зголемување на конкурентноста. Заедничките активности ќе вклучуваат поддршка на инвестициите во технологија и развој на нови производи, поттикнување на меѓусекторска соработка и подобрен пристап до финансии за стартапи.
„УСАИД Македонија се наши долгогодишни партнери и поддржувачи на реформите во нашата држава, затоа ме радува што во наредните четири години ќе работиме на реализација на трите компоненти кои се приоритетни за економскиот развој на С.Македонија, односно подобрување на конкурентноста и продуктивноста пред се на стартап компаниите, создавање на атрактивни можности за вработување и привлекување на дигитално напредни млади да развиваат иновативни решенија на пазарот”, Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
Во рамките на Меморандумот предвидени се и активности за подобрување и зголемување на транспарентноста на јавните институции на централно и локално ниво. Поддршката се однесува и на овозможување поголема соработка меѓу Владата, граѓанското општество и деловните субјекти.
„Овој меморандум им овозможува на УСАИД и Фондот за иновации да работат заеднички кон остварување на повеќе заеднички цели. Стратешките цели на УСАИД во следните пет години се да се зголеми економската конкурентност и продуктивноста на микро, малите и средните претпријатија, да се помогне во создавање економски можности за младите и намалување на корупцијата. Во рамките на новата стратегија, УСАИД соработува со партнери кои се лидери во својата област, знаат да спроведуваат и инвестираат ресурси за развој. Фондот за иновации е таков партнер и очекуваме одлична соработка”, рече Ерик Јановски, претставник на Канцеларијата на УСАИД.
ФИТР и УСАИД веќе имаат Меморандум за соработка за продолжување на кофинансирање на програмите Џуниор Ачивмент, кои се фокусираат на поддршка на најталентирани креативци и стимулирање на развој на идни претприемачи. Во активностите на Џуниот Ачивмент минатата година беа вклучени: над 150 наставници и над 500 ученици од гимназиско и средно стручно образование, а победничкиот тим на Националниот натпревар на ученички компании имаше можност да се натпреваруваат со своите врсници на Европскиот натпревар во Португалија. Годинава ученици од 14 средни училишта од целата држава преку истата програма ќе добијат шанса да станат идни претприемачи.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје