Домашни банки
ФИТР и ПроКредит Банка обезбедуваат полесен пристап до финансирање на иновативните компании

Фондот за иновации и технолошки развој и ПроКредит Банка потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка со која микро, малите и средните претпријатија ќе добијат олеснет пристап до финансиски средства. Преку новиот пакет на банката најголем број услуги ќе бидат обезбедени за стартап компаниите.
Главната придобивка ќе биде за компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, за кои банката ќе обезбеди дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поповолни каматни стапки од редовните. Олеснување ќе добијат и компаниите кои аплицирале но не им било одобрено кофинансирање од Фондот.
„Фактот што за само два месеци успеавме за компаниите, особено за стартапите да обезбедиме различни поволности преку трите најуспешни банки во државата е уште еден доказ дека во банкарскиот сектор имаме вистински партнери кои ги препознават квалитетните програми на ФИТР и иновативниот потенцијал на домашните компании. Продолжуваме да ги слушаме потребите на стартап заедницата и активно да работиме на изнајдување решенија за полесна реализација на нивните идеи“, изјави Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.
Бизнис пакетот на ПроКредит Банка ќе вклучува најповолна каматна стапка на позитивно салдо на трансакциска сметка, пакет услуги вклучени во месечната провизија (сметка за кофинансирање, е-банкарство, MasterCard Business картички бесплатни за првата година, потврди-конфирмации за трети лица, издавање бонитет, доставување на информација до УЈП). Дополнително банката обезбедува и пониски провизии во рамките на домашниот и меѓународниот платен промет преку е-банкарство и кредитни продукти по преференцијална каматна стапка. Најважно од се, компаниите добиваат банка партнер, каде преку личниот советник за бизнис клиенти, бизнисот добива и советодавна услуга од сферата на банкарството , што е од исклучителна важност за start up и компании во развој.
“Со примена на партнерски и индивидуален пристап во работењето со компаниите, изградивме премиум бренд со високо квалитетна услуга за бизнис клиентите.Како банка добро ги познаваме нашите клиенти, нивната историја, силните страни, но и предизвиците со кои се соочуваат во своето работење. Нашиот тим располага со знаење, искуство, но и ентузијазм заедно со клиентите да работиме на остварување на нивните планови за развој. Соработка со ФИТР ни овозможува да ја понудиме оваа поддршка и на малите амбициозни и иновативни бизнис, кои имаат голем потенцијал за раст и развој и може значително да учествуваат во креирањето на БДП, зголемувањето на извозот и отворање на нови работни места.“, изајви Милан Дамчевски, директор на бизнис филијала во ПроКредит Банка.
Во наредниот период, ПроКредит Банка во соработка со ФИТР ќе организира едукативни и промотивни активности поврзани со можностите за финансирање на домашните компании од страна на банката и ФИТР, зголемување на финансиската писменост, со цел олеснување на пристап кон финансиските средства, олеснет бизнис развој и комерцијализација на иновации.
Повеќе информации за пакетот, можат да се најдат на следниот линк.
Домашни банки
Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка АД Скопје на 29.03.2023 година го одржа редовното Годишно собрание на акционери. (more…)
Домашни банки
Списание „Чувари на мудроста“ за секојдневие исполнето со убавина и мудрост

Предлози за прошетки, екскурзии, патувања, книги за читање, крстозбор, вкусни рецепти и многу други содржини се најдоа во списанието „Чувари на мудроста“ чие прво издание излезе деновиве. Списанието е дел од поголемата кампања на Халкбанк АД Скопје „Чувари на мудроста“, посветена на повозрасната популација, но и на кревање на свесноста за важноста на луѓето кои нè пораснале и од кои многу сме научиле. (more…)
Домашни банки
Силк Роуд Банка: Во тек е исплатата на мартовските пензии

Силк Роуд Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека во тек е исплатата на мартовските пензии. (more…)
- Анализипред 3 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка
- Домашни банкипред 2 months
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година