Останато
ФИТР за прв пат инвестира во иновациска инфраструктура преку финансирање на три лаборатории за производство „FAB LABS – Младите создаваат”


Фондот за иновации и технолошки развој за прв пат инвестира во развој на иновациската инфраструктура преку три проекти на ЦИРКО, ФЕИТ и ИНО ТЕХ КЛУБ Штип, кои се избрани за кофинансирање во рамките на „Предизвик за воспоставување на лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, со кој ќе се обезбеди пристап до современи технологии за средношколци и млади.
Иако првично предвидениот буџет изнесуваше 9 милиони денари, поради големиот број квалитетни проекти, ФИТР обезбеди дополнителни средства, со што финансирањето изнесува речиси 12 милиони денари, додека поддржаните институции ќе вложат околу 2,5 милиони денари сопствени средства.
„Со овој тип на активности ФИТР значително придонесува кон воспоставувањето на четворен хеликс систем кој подразбира блиска соработка помеѓу академската заедница, индустријата, граѓанскиот сектор и јавниот сектор. Оваа соработка треба да овозможи подобро искористување на иновациските потенцијали во сите општествени сегменти и подобри услови за младите да ги унапредуваат своите вештини и потенцијал“, прецизираше Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.
Фондот претходно инвестираше во воспоставување на акцелератори кои исто така се иновациска инфраструктура, но се фокусираат на обезбедување менторство и инвестиции. Со инвестициите во „Fab Labs“, покрај обуки и менторство ќе се обезбедат просторни и технички услови за производство на иновативни решенија, од фаза на идеја до фаза на прототип и тестирање, со можност за мало сериско производство.
Центарот за истражувања, развој и континуирано образование (ЦИРКО) кој е основан од Машински факултет – Скопје (МФС) ќе ја воспостави „FabLab Skopje“, во која на располагање ќе бидат ставени дигиталните библиотеки на МФС, како и две други лаборатории каде се наоѓаат индустриските 3Д принтери, машините за обработка на полимери, обработка на метали и опремата за испитување на механички карактеристики. Примарна целна група ќе бидат средношколците, студентите и дипломираните млади лица, а како секундарна: професионалците-поединци, компаниите, дизајнерите и креативците, како и наставниците во средните училишта. Предвидена е физичка пристапност и за лица со попреченост во движењето, како и за лица со попреченост во слухот. Планирани се и посебни активности со кои ќе се промовираат техничките науки (STEM) кај женската популација од различни старосни групи.
„ФЕИТ ФабЛаб“ која ќе ја воспостави Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, ќе понуди основни и напредни курсеви и менторство во повеќе области како што се: моделирање за 3Д печатење и работа со 3Д печатач, практична електроника и вградливи микрокомпјутерски системи, слободен и отворен софтвер и други. Во рамките на лабораторијата ќе продолжат да се организираат: летна школа за дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи, работилница „Технологија за тебе”, студентска програма Innovations in Smart Anything Everywhere – INNO-SAE, РобоМак – меѓународна работилница за роботика и вештачка интелигенција и летна школа за мултимедиски технологии.
Приходите кои ќе бидат обезбедени од средствата добиени преку експертската помош на кадарот на ФЕИТ, како и користењето на лабораторијата од страна на заинтересирани корисници од приватниот сектор кои лабораторијата ќе можат да ја користат како one-stop-shop за свои сопствени развојни и истражувачки потреби, ќе бидат вложени во понатамошниот развој и обезбедување на одржливост на лабораторијата.
Третиот поддржан проект „Inno Fab Lab“ ќе го спроведува ИНО ТЕХ КЛУБ Штип, со што ќе им се овозможи на педесетина креативни средношколци и студенти да се вклучат во работа на конкретни проекти кои ќе резултираат со развој на најмалку шест продукт-прототипи. Лабораторијата ќе биде лоцирана на Технолошко- металуршкиот факултет во Скопје а тимовите ќе бидат составени од 6-8 млади луѓе, со главен предуслов најмалку 40 % од членовите на тимот да бидат девојки. Во текот на четири месечното менторирање, во „Inno Fab Lab“ лабораторијата за производство, тимовите ќе имаат можност да ги надградат своите технички знаења и вештини, да стекнат искуство со тимска работа и да научат како да развијат идеја до продукт-прототип.
На Предизвикот кој беше отворен од 17 мај до 20 јули, 2021 година, пристигнаа голем број квалитетни предлог проекти кои не соодветствуваа во целост со моделот на Fab Labs, но ја демонстрираа потребата за сличен тип на инфраструктура во различни индустриски области каде младите ќе имаат можност да истражуваат и апликативно да ги применат своите знаења. Поради тоа ФИТР за наредната година планира поддршка која ќе овозможи воспоставување на слични лаборатории кои ќе овозможат пошироки технички услови за иновациски активности кај младите.
Останато
СЕФФ: Вложување во човечки капитал и дигитализација за поголем економски потенцијал


Преку подобрувањето на структурата на економијата, односно зголемената конкурентност, иновативноста, адекватноста на пазарот на труд, ќе се придонесе кон подобрувањето на економскиот потенцијал и отпорноста на економијата. Оттаму спроведувањето на структурните реформи, не треба да запре за сметка на справувањето со кризата, туку да се одвива напоредно, со цел на среден рок да се креира економија која ќе даде подобри перформанси. (more…)
Останато
СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст


Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)
Останато
Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања


Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје