Connect with us

Останато

ФИТР го презентираше предлог протоколот за проценка на компании

Објавено

на

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) подготви Предлог протокол за постапување при проценка на ризик за компании апликанти од аспект на поврзаност со носители на јавни функции и нивно влијание.

Целта на ФИТР е да постави системско решение кое ќе се применува при аплицирање за сите инструменти за финансиска поддршка, со што дополнително ќе се зајакне кредибилитетот и транспарентноста на процесите на доделување на јавни фондови за сите инструменти на ФИТР.

Претседателката на „Транспаренси интернешнал Македонија“, Слаѓана Тасева ја поздрави иницијативата на ФИТР за имплементација на ваков протокол, која е неопходна, особено заради усогласување со европските регулативи.

„Ова е многу добра иницијатива и редок случај на позитивна реакција од државна институција на укажувањата за потреба од подобрување на процедурата. Сето ова оди во насока на усогласување на домашното законодавство со меѓународните и ЕУ стандарди“, изјави Тасева и додаде дека ова треба да биде поттик за другите институции да се погрижат за контрола при доделувањето на користење на државна помош.

„Проверката на сопственичката структура е многу важна за прво да се отстрани сомнежот доколку во неа има носител на јавна функција, од некакво влијание, а исто така и да се исклучи можност од злоупотреба на јавни фондови.“, истакна Тасева.

Предлог протоколот предвидува анализа на ризик кај компаниите кои ќе пријават носител на јавна функција во сопственичката структура врз база на унифицирана листа со прашања. Меѓу другото листата опфаќа и прашања дали функцијата која носителот на јавна функција има можно или директно влијание врз спроведувањето на проектот или колкав процент од вкупните приходи што ги остварувала компанијата во годините кога носителот на јавна функција ја извршувал функцијата отпаѓа на приходи генерирани од склучени договори со јавни претпријатија и државни институции.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски посочи дека целта е сите компании да имаат еднаков третман.

„Протоколот за постапување при проценка на ризик претставува системско решение, преку кое ќе се направи реална и објективна анализа како ќе се поставува во случај кога ќе се пријави компанија на повик на ФИТР која во својата сопственичка структура има носител на јавна функција. Нашата цел е сите компании, без исклучок, да имаат еднаков третман, односно да нема ниту фаворизирање, нити дискриминација.“, рече Деспотовски.

Тој нагласи дека проценката на ризик ќе се прави од аспект дали одредена компанија е навистина посветена на бизнисот што го работи или аплицирала со единствена цел да ги земе бесплатните пари од државата.

„Наменски основани компании само за да користат јавни фондови нема да добијат средства, односно системот на проверка ќе покаже висок ризик кој ќе биде земен в предвид при евалуација на проектите“, истакна директорот на ФИТР и додаде дека четирите компании од Првиот инвестициски бран кои декларираа носител на јавна функција во нивната сопственичка структура ќе бидат првите на кои ќе се примени протоколот.

На панел дискусијата која ФИТР ја организираше во соработка со „Транспаренси интернешнал Македонија“, присуствуваа претставници на дипломатските претставништва во земјата, меѓународни организации, граѓански организации кои се дел од платформата за антикорупција, како и бизнис заедницата и медиумите кои дадоа конкретен придонес во насока на подобрување на предлог протоколот.

Документот ќе биде јавно објавен на веб страната на ФИТР (www.fitr.mk) и ќе биде достапен за коментари и предлози на пошироката јавност во рок од 15 дена, по што работната група ќе го изработи завршниот документ кој потоа ќе биде усвоен од страна на ФИТР.

Останато

Извештајот „Doing Business 2019“ на Светска банка на денешната редовна владина седница

Објавено

на

На предлог на Министерството за финансии, на денешната редовна 102-ра седница Владата на Република Македонија ќе го разгледа предлог – законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Трансакции со криптовалути во споредба со Visa и Paypal

Објавено

на

Сопствениците на “паричникот” со криптовалути често се согласуваат дека нивните мрежни трансакции се побрзи од главните начини на плаќање, како што се Visa или Paypal. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоин – валута на иднината

Објавено

на

Луѓето се занимаваат со трговија за да разменуваат стоки и услуги во текот на вековитe. Овие размени не секогаш вклучуваа парични плаќања. Имаше време кога стандардните пари дури и не постоеја и луѓето користеа други форми на исплата за вршење трансакции. Со развојот на технологијата, пари и плаќања драстично се сменија. Тековната технологија за обработка на кредитна картичка и напредните деловни решенија овозможуваат финансиски трансакции во речиси секое време и практично на кое било место. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange