Connect with us

Останато

ФИТР: Во тек е финалната селекција на „Предизвик за млади истражувачи 3“

Објавено

на

Вкупно триесет и девет основни и средни училишта влегоа во финалната селекција на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3″ на Фонд за иновации и технолошки развој кој се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука.

Во наредните два дена, тимовите на учениците од 19 основни и 20 средни училишта, согласно препораките за превенција и заштита од Ковид- 19, онлајн ги презентираат своите проекти пред комисијата составена од претставници на МОН, Бирото за развој на образование, ФИТР, универзитетски професори и партнерски организации.

Охрабрува тоа што и во услови на криза и затворени училишта, на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3″ дури 58 училишта доставија свои предлог проекти. Од нив 28 се од основни, а вкупно 30 од средни училишта од цела Македонија.

Најмногу поднесени апликации се од училиштата на територија на град Скопје – вкупно 23, но апликации има од над дваесет места во земјава меѓу кои Велес, Свети Николе, Прилеп, Битола, Кратково, Гостоивар и Тетово.

Опфатени се речиси сите области од природните и техничките науки, а во најголем дел предлог прооектите се поврзани со истражување на полето на биологија, физика и хемија. На проектите би работеле над 300 ученици.

Побаруваниот износ од училиштата е 12 милиони денари, што е двојно повеќе од предвидениот буџет кој изнесува 6.000.000 денари. Буџетот предевиден за поединечен предлог проект е до 300.000 денари, односно дополнителни 30.000 денари за ментори, наменети за обуки, семинари, конференции што би придонеле кон поуспешна реализација на проектот.

Во рамките на претходните два јавни повици, досега се поддржани 54 училишта кои работат на вакви проекти, а во кој се вклучени околу 500 ученици и професори.

Процесот на истражување треба да се заснова на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување, а предложените проекти треба да дадат видливи резултати.

Предност имаат проектите со интердисциплинарен карактер, кои предвидуваат инклузивен пристап во формирањето на тимовите (имаат еднаква родова застапеност, вклучуваат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, деца од различни возрасти и слично) и се поднесени од училишта од рурални средини.

Предизвикот беше отворен од 24.01.2020. Поради новонастанатата ситуација со пандемијата со Ковид-19, на барање на училиштата рокот беше продолжен до 06.04.2020 година.

Останато

Ангеловска на „Woman in Tech”: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата

Објавено

на

Оваа ковид-19 криза, донесе големи предизвици, но истовремено и можности за технологиите и жените претприемачи и истата треба да се искористи за да ги направиме работите подобри во иднина, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на виртуелната меѓународна конференција организирана од „Women in Tech” на панел со тема “Дипломатската визија да се охрабрат жените во науката, технологијата, инженерство и математиката“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Листа на работни места со најмал стрес

Објавено

на

Без разлика дали работите во канцеларија или во рудник, иако се комплетно различни, и двете работни места можат тешко да влијаат врз психата. Сепак, разни истражувања го утврдија списокот на најмалку стресни работни места. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Половина милион работници во Италија ќе ја загубат работата поради коронавирусот

Објавено

на

Во Италија, во текот на 2020 година, околу 500.000 луѓе ќе ги загубат своите работни места како резултат на кризата со вирусот Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно