Connect with us

Останато

ФИТР воведува нова поддршка за компаниите и универзитетите

Објавено

на

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го промовираше Јавниот повик за доделување финансиски средства преку иновациски ваучери.

Целта на Повикот е поттикнување на соработката меѓу компаниите и науката во насока на спроведување иновациски активности кои ќе ја зголемат конкурентноста на бизнисите. Преку ваучерите ќе се доделат вкупно 15.000.000 денари.

Средствата може да се искористат за развој на нови или искористување на постојните производи, услуги, процеси, за технички спецификации, за производство на лабораториски прототипови, за различни видови испитувања, за валидација на технологија, за развој на посебни софтвери, за организирање специфични обуки,…

Како што истакна директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, Повикот ќе биде објавен на 1 октомври и ќе трае додека проектираните средства не бидат доделени. Апликациите ќе се поднесуваат електронски. Рокот на искористувањето на ваучерите ќе биде шест месеци од потпишувањето на договорот меѓу претпријатието-корисник и ФИТР, а со нив ќе може да се покријат 80 отсто од трошоците или максимум 500.000 денари без ДДВ. Една компанија може да добие најмногу два ваучера, но не за ист повик.

„Апликанти може да бидат мали, микро и средни претпријатија кои ги исполнуваат конкретните услови дефинирани во Повикот, а давачи на услуги од областа на науката високо-образовни установи, унивезритети и институти, како и МАНУ” – истакна Деспотовски.

Директорот на ФИТР нагласи дека ова е прв ваков Повик досега во земјава кој ќе ги поврзе бизнисот и академската фела, а компаниите нема да добиваат директна помош туку средствата ќе се реализираат преку академскиот кадар кој водено сам и ќе ја одреди цената на своите услуги.

Министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека со овој нов инструмент за соработка на бизнисот и науката ќе вложиме многу повеќе што е од интерес на сите страни.

На следниот линк е достапно видеото од денешната прес конференција.

Презентацијата на Јавниот повик е достапна на следниот линк.

Останато

Фирмите што ќе остварат загуба годинава, нема да имаат обврска да исплатат К-15

Објавено

на

Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци, изјави премиерот Зоран Заев, апелирајќи и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да го сторат тоа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

5 работи кои вработената на шалтер би сакала да ги знаете

Објавено

на

Порталот „Неа.мк” – портал наменет за припадничките на понежниот пол направи кратко истражување за жените кои работат во банка, на шалтер и секојдневно се соочуваат со „интересни“ ситуации. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Поддршка за исплата на плати и за месеците октомври, ноември и декември

Објавено

на

Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна потрошувачка да предизвика раст на БДП во четвртиот квартал и на тој начин да создаде предуслови за растот на економијата од 4,8 проценти во 2021 година што неодамна го најави министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Популарно