Останато
Фирмите што ќе остварат загуба годинава, нема да имаат обврска да исплатат К-15


Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци, изјави премиерот Зоран Заев, апелирајќи и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да го сторат тоа.
„Законите и колективните договори се јасни и треба да се почитуваат до крај, а тие даваат бафер каде може флексибилно да се дејствува во делот на исплата на К-15. Оние правни субјекти кои нема да остварат добивка немаат обврска да исплатат К-15 и други издатоци. Таму каде ќе остварат добивка се должни да го почитуваат законот и колективниот договор.”, изјави премиерот Заев на прес конференцијата каде што го најави четвртиот пакет на економски мерки за помош на граѓаните и стопанството.
„Голем дел од компаниите оваа година нема да покажат добивка и тоа на нас ни е јасно и затоа аконтациите на данок на добивка се одложуваат и таму согласно законот го имаат и баферот да не се исплати К-15. Но, апелираме дури и оние фирми што оваа година нема да покажат добивка, а имаат финснсиски резервоари создадени од претходни години и финансиска моќ да исплатат К-15 заради тоа што тоа е поддршка кон нивните работници, поддршка на граѓаните, а за економијата значи зголемена потрошувачка моќ”, додаде Заев на вчерашната прес-конференција.
Останато
СЕФФ: Вложување во човечки капитал и дигитализација за поголем економски потенцијал


Преку подобрувањето на структурата на економијата, односно зголемената конкурентност, иновативноста, адекватноста на пазарот на труд, ќе се придонесе кон подобрувањето на економскиот потенцијал и отпорноста на економијата. Оттаму спроведувањето на структурните реформи, не треба да запре за сметка на справувањето со кризата, туку да се одвива напоредно, со цел на среден рок да се креира економија која ќе даде подобри перформанси. (more…)
Останато
СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст


Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)
Останато
Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања


Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје