Connect with us

Останато

Фирмите кои трпат штети од корона вирусот нема да плаќаат аконтации за данок на добивка

Објавено

на

Фирмите кои директно се погодени од економската криза предизвикана од корона вирусот и кои трпат штети, нема да плаќаат аконтации за данокот на добивка за три месеци, односно за март, април и мај 2020 година. Измените ги утврди Владата преку носење на уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба.

Право на намалување на износот на аконтациите на данокот на добивка ќе имаат даночните обврзници кои ги вршат дејностите наведени согласно Националната класификација на дејности-НКД Рев.2: угостителска дејност (шифра 56- дејности за подготовка и служење на храна), туризам (шифра 79- Туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55- Објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-Копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50- Воден транспорт и шифра 51- Воздухопловен транспорт) и кои ги исполнуваат следните услови:

– Да не исплатува дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила до денот на траењето на ослободувањето (15 јуни 2020 година) и

– Даночниот обврзник-работодавач да не го намали бројот на вработени, сметано од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

Исто така, правото на намалување на износот на аконтациите на данокот на добивка да се однесува и на други даночни обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење, кои покрај гореспоменатите услови исполнуваат еден од следните услови:

– Вкупните приходи на даночниот обврзник се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или

– Бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките од став (1) на овој член да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во однос на месец февруари 2020 година, или ако

– Даночниот обврзник затвори најмалку 50% од продажните местата преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

Останато

УЈП го заокружи и третото тримесечје од МојДДВ, граѓаните ќе добијат 5,6 милиони евра!

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 31 март 2020 година го заокружи третото тримесечје од МојДДВ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мерката МојДДВ нема да се стопира, но можно е да се овозможи опција за донирање

Објавено

на

Владата засега не планира да ги стопира мерката поврат на ДДВ кон граѓаните „МојДДВ моја заштеда” и наградната игра поврзана со оваа мерка, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес конференција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Имаме три сценарија за справување со последиците од кризата

Објавено

на

Министерството за финасии има три основни сценарија – поволно, неповолно и најнеповолно за справување со последиците што ги предизвика коронавирусот во економијата, а најголемиот удар во сите се очекува во вториот квартал од годинава, најави денеска министерката за финасии Нина Ангеловска. (more…)

Продолжи со читање

Популарно