Connect with us

Останато

ФИНТЕК компанија од Македонија: Финансиско друштво СН Финансии ДОО Битола

Објавено

на

СН Финансии ДОО Битола е финансиско друштво кое нуди комплетен процес на онлајн кредитирање односно им овозможува на клиентите да аплицираат за кредит, да потпишат договор и да ги добијат парите без воопшто физички да бидат присутни.

Компанијата која неодамна прослави една година од своето основање, беше и се уште е првата Финтек компанија во Битола, но исто така е и прва Финтек компанија во Македонија со домашен капитал.

Финансиското друштво СН Финансии ДОО Битола има лиценца за:

  • одобрување кредити
  • издавање и администрирање на кредитни картички;
  • издавање гаранции;
  • факторинг.

Покрај финансиските активности финансиското друштво ги врши и следниве активности:

  • советување поврзано со финансиските активности;
  • изнајмување на подвижен и недвижен имот на трети лица, вклучувајќи и оперативен лизинг.

СН Финансии нуди неколку различни типови на кредити и тоа:

  • Микро кредити до сума од 70.000 МКД со рок на одобрување 1 час
  • Ненаменски потрошувачки кредити од 000 МКД до 600.000 МКД
  • Наменски потрошувачки кредити од 000 МКД до 600.000 МКД ( туристички кредити, кредити за нови или половни возила … )
  • Хипотекарни потрошувачки кредити
  • Станбени кредити
  • Инвестициски кредити и кредити за обртни средства на Правни Субјекти
  • Земјоделски кредити

Најатрактивни кредити кои ги нуди друштвото се:

СН мало кредитче

Износ: 3.000 – 12.000 МКД

Рок на отплата: 3 месеци

Брз кредит

Износ: 13.000 – 30.000 МКД

Рок на отплата: 9 месеци

Микро долгорочен кредит

Износ: 31.000 – 79.000 МКД

Рок на отплата: 48 месеци

Општи услови за одобрување на кредит

  • Физичко лице на возраст од 18 до 70 години;
  • Резидент со постојана адреса на живеење и важечка лична карта;
  • Потврда за вработување или извод од банка за последните три месеци;
  • Износ на кредитот: од 50 до 30.000 евра (во денарска противвредност);
  • Рок на отплата: од 3 до 240 месеци;
  • Трошоци: каматна стапка и провизии согласно договорот за кредит;
  • Одобрување на кредитот во рок од 1 час до 3 дена, а одобрениот износ се префрла во најбрз можен рок.

Останато

Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ ги отплатил кредитите на жителите во селото од каде потекнува!

Објавено

на

Младиот хрватски репрезентативец Анте Ребиќ дефинитивно е едно од најголемите изненадувања во финалистот на 21-от Мундијал во Русија.

(more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Криптовалутите сеуште влеваат доверба

Објавено

на

“Хаш стапката” претставува степенот на вкупното ископување на криптовалути. Таа се зголеми за 155% од почетокот на годината.

Според наводите на сајтот Cryptoslate, главната причина за зголемување на хаш – стапката е дека секоја блок награда од 12,5 биткоини е во вредност од околу 78.000 долари, па така крипторударите се и понатаму мотивирани да видат колку може да заработат на овој начин. Овие големи награди, сепак, нема да траат вечно. Се очекува наредно преполовување на вредноста на наградта да се случи на 25 мај 2020 година, а вредноста ќе се намали на 6,25 биткоини по блок, или околу 39.000 долари по тековни цени. Ова значи дека рударите моментално брзаат да направат колку што е можно повеќе биткоини.

Иако ентузијазмот околу биткоинот и другите криптовалути полека се намалува, екстремни оптимисти сеуште има. Инвеститорот Тим ​​Драпер (кој инвестираше во Тесла, Skype и Hotmail) сугерираше дека биткоинот ќе вреди 250 000 долари до 2022 година. Џек Дорси, шеф на Твитер, еднаш сугерираше дека биткоинот би можел да стане единствена глобална валута за само 10 години.

 

Продолжи со читање

Останато

САД им се заканува на државите кои инвестирале во Русија

Објавено

на

Вашингтон го повтори предупредувањето дека може да воведе санкции за западноевропски компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен тек 2“ кон Германија.

Според американската Влада, Москва го користи проектот за да предизвика раскол во Европа.

– Бевме јасни дека постои ризик од воведување санкции за компаниите кои работат во секторот на рускиот енергетски извоз, изјави претставник на американскиот Стејт департмент.

Тој додаде дека Вашингтон смета оти „гасоводот ќе ја поткопа целата енергетска безбедност и стабилност на Европа, давајќи и на Русија уште еден инструмент за вршење политички притисок врз европските земји, особено врз Украина“.

– Русија сфаќа дека овој проект ја дели Европа и го користи за да добие предност, истакна тој.

Пет западноевропски компании инвестирале во „Северен тек 2“ – германските Унипер (Uniper) и Винтерсхал (Wintershall), австриската О Ем Ви (OMV), француската Анжи (Engie) и англо-холандската Шел (Shell).

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange