Лични финансии
Финансиски совети од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија


Покрај грижата за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, периодов е навистина тешко да се фокусирате на финансиското планирање, организирањето на средствата и стабилноста на инвестициите. Сепак, глобалната пандемија налага детално и одговорно планирање на финансиите, со цел оваа (досега) краткорочна криза да не се претвори во долготраен финансиски проблем. Од таа причина, Институтот за ревизија на РМ издвои неколку совети кои би можеле да ви помогнат во невообичаениот период низ кој сите ние поминуваме.
Моменталната ситуација е далеку од идеална, но сепак постои доза на оптимизам дека пазарот полека учи да се приспособува на оваа состојба. Отворањето на границите и ослободувањето на дел од мерките за претпазливост, покрај другите фактори, придонесоа за повторно и забрзано ширење на вирусот. Пролетните мерките доведоа до многу негативни економски последици, што веројатно значи дека мерките во иднина, доколку се потребни, ќе бидат далеку подобро адаптирани на ситуацијата. Затоа, советите кои ИОРРМ реши да ги сподели се апликативни на општата ситуација и се наменети за решавање на суштинските, круцијални проблеми и дилеми кои потенцијално ве мачат вас и вашата компанија.
За да бидете успешни во работата, дури и во нормални услови, потребна е финансиска дисциплина, која во перидот на пандемија треба да биде зајакната и „стегната“ со цел да ви овозможи да ја задржите сигурноста на компанијата. Од ваш интерес е детално да го испланирате вашиот буџет и да се придржувате до него. Тоа ќе ви помогне да ги идентификувате потенцијалните трошоци, да размислите за нив и финално, да се обидете да ги намалите преку елиминрање на непотребните ставки и активности. Потоа, важно е добро и паметно да ги распределите средствата и инвестициите, така што нема да вложите премногу средства на едно место притоа ризикувајќи тие да бидат изгубени во периодот на неизвесност кој следува.
Добрата организација на бизнисите потекнува од проучувањето и поставувањето на сопствени приоритети во секој сегмент од работењето. Имањето на конкретни приоритети ќе ви помогне да одлучите како и каде треба да бидат вложени средства, каде може да се одземат, кој дел од нив може целосно да се отстрани и тн.. Прв чекор е да идентификувате што е ваша потреба, а што едноставно само сакате да го добиете, но можете да преживеете и без него. Така, на пример, скапите инвестиции кои во моментов не ви се толку потребни (проширување на возниот парк, инвестирање во производни погони) би требало да бидат подолу на листата на приоритети, а над нив мора да се платите на вработените, сметките, кирии, трошоци на компанијата и слично.
Ќе бидете изненадени колку голем фактор е интерната комуникација во непредвидливи ситуации како што е актуелната пандемија. Поврзаноста и координираноста на тимовите внатре во самата организација придонесува за постојано да имате контрола над работата, трошоците и потенцијалните закани кои го демнат вашето претпријатие. Обично се вели дека „Времето е пари“, но во денешницата кога секој брза некаде (иако пандемијата стави сомнеж околу прашањето: која е крајната дестинација?) може да се каже дека и „Информацијата е пари“. Претпријатијата кои добро менаџираат со податоците со кои располагаат, знаат да го протолкуваат нивното значење и да го применат во нивната работа, најчесто се оние кои се најуспешни.
Во периодот кој следува никој не може да ја гарантира својата финансиска стабилност, но со добро планирање и одговорно раководење со средствата можете да си дадете поголема шанса за успешно пребродување на оваа глобална криза. Можеби не веднаш и можеби не следниот месец, но економијата ќе заздрави и оваа 2020 година ќе биде само уште една година во економските учебници која ќе им послужи како пример на следните генерации. А дотогаш, на вас е да одберете каков пример ќе оставите.
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: Ковани пари во оптек


Македонскиот денар (МКД) е национална валута на Република Македонија пуштена во оптек на 27 април 1992 година. Централната банка на државата – Народната банка на Република Македонија – е единствената институција којашто го издава денарот. (more…)
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: ШТО СЕ ПАРИТЕ И КАКО НАСТАНАЛЕ?


Од најраните времиња парите се препознаени како стока употребувана како средство за размена или плаќање на сите видови стоки и услуги. (more…)
Лични финансии
Започнува Глобалната недела на парите 2022: „Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно“


Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, десетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите од 21 до 27 март 2022 година. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје