Анализи
Финансиските навики на граѓаните

Економската ситуација на граѓаните во Македонија е тема со која што секојдневно се соочуваме. Постојано сме сведоци на податоци од истражувања кои укажуваат на степенот на задолжувањата на граѓаните, постојаниот раст на задолжувањата, податоци и извештаи од кредитодавателите за се поголемиот број на граѓани и поголемиот број на кредити кои што ги земаат и сето она што претходи од финансиски аспект низ историјата на нашата држава.
Направени се голем број на истражувања за финансиските навики на граѓаните во Македонија, а сите податоци даваат идентичен заклучок кој вели дека финансиската писменост на нашето население е најниска во регионот. Меѓу еден од доказите за овој факт се извештаите од банките и другите не банкарски даватели на кредити кои укажуваат на огромното учество на потрошувачките кредити во севкупните кредити на македонското население, а сето ова е тесно поврзано со потрошувачките навики на луѓето. Во овие извештаи можеме да наидеме и на фактот дека банките имаат премногу слободни средства во банкарски депозити, а тоа е очигледен показател дека на нашето население му недостасуваат финансиски насоки за пласирање на средствата.
Недоволната финансиска писменост ги наведува многу луѓе да мислат дека финансиското планирање е сложен процес и дека ги спречува да прават работи коишто им причинуваат задоволство, а фактот дека огромен број на граѓани земаат потрошувачки кредити, а не се доволно информирани за што тоа точно значи и кои се последиците само ја потврдува оваа состојба.
За да се направат некои промени во финансиските навики кај граѓаните, советуваме пред да се аплицира за кредит или кредитна картичка, да се постават следниве прашања: Дали производите или услугите што сакате да ги купите со позајмени пари Ви се потребни? Ако Ви се потребни, тогаш дали можете да си дозволите да ги исплаќате ратите на кредитот или кредитната картичка? Ако сте одлучиле да земете кредит за да купите нешто, дали претходно направивте финансиски план за да видите дали сте реално во можност да го отплатите кредитот? Дали сте запознаени колкави се трошоците доколку користите средства од Вашата кредитна картичка во рамки на дозволениот лимит? Треба да знаете дека постојат камати и други видови трошоци како што се трошоците за задоцнети плаќања.
Како што велат старите, за сè има решение. Така има решение и за сите проблеми и прашања кои ќе Ви се појават. Дел од овие одговори можете да ги добиете од една финансиска институција како што е Македонското Кредитно Биро. Институција која е основана врз основа на посебен Закон за кредитно биро („Сл. весник на РМ“ бр.81/08, 24/11, 199/14, 192/15 и 83/18) од страна на Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД Скопје), како друштво во сопственост на банките.
Испитувајќи ја оваа институција увидовме дека Македонско кредитно биро управува со единствениот систем во Македонија кој врши собирање, обработување и размена на податоци за обврските на правните и физичките лица со цел да дава информации за задолженоста и редовноста во измирувањето на обврските. Воедно, треба да се напомене дека базата на податоци со кои располага МКБ се ажурира на дневно ниво и нуди единствени можности за заштита од ризично работење преку успешно управување и преземање ризици што може да се контролираат.
Продуктите што ги нудат се извештаите кои се единствени на пазарот и нудат можност за брз и лесен увид во сопствениот статус на долговите и подмирувањето на истите со што преку унапредување на својата лична евиденција, може да се спречи евентуално презадолжување, а со тоа и избегнување на дополнителни трошоци.
Сето ова е возможно доколку граѓаните знаат дека можат да добијат вакви информации со услугите на МКБ – Македонско кредитно биро, преку т.н. Сопствен извештај за физички лица, кој се изготвува на лично барање на нарачателот, односно физичкото лице, кое сака да ја провери сопствената задолженост. Извештајот е единствен на пазарот што содржи податоци за задолженост и редовност во исполнување на обврските, и тоа: обврски по основ на кредити, жирантства, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лимити на трансакциски сметки, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, обврски по основ на користење на други услуги, како и податоци за блокада на трансакциска сметка со детали за секоја блокада поединечно.
За да дојдеме до промената на финансиските навики кај граѓаните и подобрување на финансиската едукација, потребно е граѓаните и другите правни субјекти да бидат информирани за постоењето и улогата на ваков тип на институција како што е МКБ – Македонско кредитно биро.
Во насока на подобра информираност на јавноста, сакаме да потенцираме дека продуктите и услугите на МКБ – Македонско кредитно биро за физичките и правните лица, може да се најдат на следниов линк https://mkb.mk/ или во некоја од филијалите на банките кои што ги нудат сопствените извештаи на МКБ.
Анализи
Најдобри совети како да го реновирате вашиот дом во рамките на буџетот

Домот треба да биде наше засолниште, но и среќно место каде ќе се релаксираме на крајот од напорниот ден и ќе креираме семејни спомени со нашите најмили. Токму затоа, секој од нас сака да создаде што поудобна и попријатна атмосфера во него. Една од причините поради која може да се одлучите да го реновирате домот е желбата да го направите подобро место за живеење или едноставно сакате промена и свежина во домот. (more…)
Анализи
Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје