Connect with us

Анализи

Финансиските друштва се извор на приливи за граѓаните кога им се неопходни итни финансиски средства

Објавено

на

Кај голем дел од популацијата мислењето за финансиските друштва е негативно. Независно дали е тоа од сопствено искуство или е наметнато мислење коешто е општоприфатено кај повеќето граѓани.

Дури и тие кои никогаш не подигнале кредит од финансиските друштва имаат предрасуди дека тие се легални „лихвари”, дека се присутни на пазарот за да им нанесуваат штета на граѓаните и компаниите и дека буквално ги манипулираат самите клиенти.

Ниту, мислењето за банките не е многу поразлично, но е далеку поблаго во однос на финансиските друштва.

Многумина ќе кажат дека и едните и другите се присутни на пазарот за да ги „дерат” граѓаните и да профитираат на нивниот грб. Но, дали е навистина така?

Банките, штедилниците и финансиските друштва се присутни на пазарот за да бидат помош на населението и корпоративниот сектор, при нивниот раст и напредување, како на личен и персонален план, така и на деловен.

Иако, нудат релативно слични производи и делува дека се меѓусебна конкуренција, во пракса тоа воопшто не е така.

Банките се финансиски институции кои се од енормно значење за целокупното население, пред се бидејќи секој приход што го има еден поединец на легален начин, треба да помине низ неговата лична трансакциска сметка во некоја од комерцијалните банки.

Кога сме кај приходите кај банките, тука ќе ја додадеме и најважната ставка, а тоа е кредитирањето на населението и стопанството, кое представува најважен извор на финансирање кај банките. Но, тоа не е единстен извор на приходи на банките.

Тука се месечните провизии за одржување на личните трансакциски сметки на клиентите, надоместоците и провизиите по основ на платен промет во земјата и во странство, депонирани пари по основ на депозите од клиентите, сефовско работење, како и други приходи од останатите сектори како што се тргување со странски валути, тргување на домашната и на странски берзи со хартии од вредност итн.

Слично како и банките, финансиските друштва нудат кредитирање на населението, но нивното финансирање е единствено од сопствени средства и од приходите по основ на камати, провизии и и надоместоци од издадените кредити. Нивното функционирање во овие тешки услови е доведено на работ на егзистенција, поради насоките од регулаторите на граѓаните да им се дозволи замрзнување на отплатата по основ на кредитните обврски.

И банките и финансиските друштва нудат кредитни производи, но условите за кредитирање се комплетно различни, а со самото тоа и каматните стапки и надоместоците.

Факт е дека кредитирањето кај финансиските друштва е доста поскапо во однос на банките, но, тука доаѓаме до клучното прашање, а тоа е: „Зошто граѓаните би се кредитирале во некое од финансиските друштва, кога банките нудат далеку поевтини кредити?”

Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Банките и финансиските друштва не се конкуренти меѓусебно, туку тие се присутни на пазарот на финансирање за меѓусебно да се надополнуваат.

Логично е за поголеми износи на кредит, или кога се работи за решавање на станбеното прашање, граѓаните да подигнат кредит во некоја од комерцијалните банки, со што рокот на отплата би бил многу подолгорочен. Истото важи и за наменски кредит за реновирање на домот, купување на нов автомобил и слично.

Но, кога се работи за краткорочно финансирање, кога на граѓаните им се потребни пари веднаш, за задоволување на краткорочни потреби, тогаш тука се финансиските друштва. Подигнувањето пари кај финансиските друштва е експресно, само со валидна лична карта или друг документ за идентификација, а исплатата на средствата се врши во рок од половина час.

Се избегнува огромната документација и релативно спориот процес на одобрување на кредитното барање, што е случај кај повеќето банки.

Финансиските друштва се од значителна помош за граѓаните во овие тешки услови на корона криза, кога голем дел од нив поради рестриктивните мерки ги загубија своите работни места или им беа ставени на таканаречен „standby”. Вработени лица во трговските центри, во рестораните и кафулињата, дискотеките, во туристички агенции и слично, останаа без планираните месечни приходи. Но, месечните расходи се редовни и независно дали имаме приход или не, едноставно сметките за режиски трошоци мора да се платат, како и останатите производи неопходни за месечна егзистенција.

Во овој случај, кога банките не кредитираат бидејќи клиентот не ги исполнува условите за редовно вработен со континуирани месечни приходи, тука се финансиските друштва, да им помогнат на граѓаните кога им е најтешко.

Иако, кредитирањето од финансиските друштва е поскапо во однос на банките, граѓаните треба да разберат дека и овие финансиски институции се регулирани од Министерството за финансии, кое го ограничува нивото на надоместоци, камати и провизии што ги наплаќаат друштвата. Доколку не се придржуваат до законската регулатива, тие сносат огромни последици и казни.

Но, тука има и еден друг многу важен и значаен момент, а тоа се самите клиенти. Пред да го земат кредитот, клиентите се фини, секогаш достапни, одговараат на секој повик од финансиските друштва итн. Но, веднаш штом ја добијат исплатата на парите, за нив финансиското друштво станува смртен непријател.

Клиентот станува недостапен и не одговара на телефонските повици, доцни со исплатата на месечните рати или воопшто и не ни уплаќа пари, а притоа за финансиските друштва кажува се најлошо, дека се буквално крвопијци, дека сакаат да му ги земат и последните пари кои ги има на располагање, дека се лихвари и многу други погрдни именувања.

За жал, во случајов вината не е кај финансиските друштва, кои при самото аплицирање за кредит се должни да им ги соопштат трошоците на клиентите, кои тие ќе ги сносат по основ на камати, провизии и надоместоци. Но, бидејќи клиентите ретко кога ги читаат самите услови, а притоа и не се придржуваат до планот за исплата на кредитните обврски, тогаш најлесно е да се префрли вината на другата страна, кај финансиските друштва.

Токму поради ова, банките и финансиските друштва не се меѓусебна конкуренција, туку се надополнување на финансискиот пазар, како и помош за граѓаните кога им се неопходни финансиски средства за задоволување на потребите.

Анализи

Топ 5 плати во Македонија: Банкарите помалку платени од ИТ индустријата и фармацевтите

Објавено

на

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2020 година изнесува 27 231 денари, а на прво место гледано по дејности останува секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просек од 68.557 денари. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

Објавено

на

До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта АД треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по што процесот ќе продолжи со состаноци меѓу двете страни и избор на оној што ќе го преземе платниот промет во поштенските единици што претходно го имаше Еуростандард банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Инвеститорскиот ден ги однесе акциите на Македонска берза во зелена зона

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно