Анализи
Финансиските друштва и под предизвикувачки услови дадоа поддршка во надминување на ефектите предизвикани од Ковид – кризата, продолжуваат со отвореност за развој на финтек индустријата

Според статистиката на Народната банка на Северна Македонија, во рамките на финансискиот систем на Северна Македонија, вкупните средства на останатите (небанкарски) финансиски институции во 2020 година бележат годишен раст од 12,8%.
Средствата на финансиските друштва имаат годишен раст од 14,1%. На крајот на 2020 година, вкупните средства на финансиски друштва изнесуваат околу 5 милијарди денари, а најголем дел од нив или 89% се однесуваат на побарувањата од приватниот сектор. Кредитите одобрени на населението на крајот на 2020 година се околу 3,5 милијарди денари, додека кредитите одобрени на фирмите се околу 980 милиони денари. Споредено со крајот на 2019 година, кредитирањето на населението бележи раст од 24,3%, додека на фирмите е намалено за 4,6%.
Двоцифрениот годишен раст на кредитите на населението во 2020 година е остварен и покрај значајното нарушување на билансите во текот на годината, како резултат на состојбите од пандемијата на Kовид. Небанкарските финансиски друштва, кои се комплементарни на традиционалниот финансиски систем во кредитната поддршка на приватниот сектор, и под вакви предизвикувачки услови дадоа поддршка во надминување на негативните ефекти предизвикани од Ковид кризата. Во натамошниот период ќе продолжи нивната поддршка кон приватниот сектор со цел полесно опоравување на економијата од шокот предизвикан од пандемијата.
Маја Кадиевска Војновиќ, финансиски експерт и поранешен Вице Гувернер на Народната Банка на Северна Македонија смета дека овие бројки се охрабрувачки.
„Интензивната кредитна поддршка на населението од страна на финансиските друштва и во услови на Ковид криза е за поздравување. Оваа трансформација на пазарот на кредити којашто се случува во светски рамки не ја заобиколи ни домашната економија. Брзиот раст на алтернативното кредитирање надвор од традиционалните канали е особено изразено во последните неколку години и треба да продолжи. Растечката кредитна поддршка на населението и на фирмите од страна на финансиските друштва, кои се комплементарни на традиционалните кредитори – банките и штедилниците, укажува дека постои потреба за зголемување на степенот на финансиска интермедијација и финасиската вклученост во домашната економија“ – оценува Кадиевска Војновиќ.
Улогата на финансиските друштва е особено изразена на сегментот на потрошувачки кредити, но не изостанува ни поддршката на микро и малите фирми. Воедно, користењето на современите достигнувања во технологијата, односно на дигитални канали и нови бизнис модели од страна на голем дел од финансиските друштва преставува позитивен чекор за приклучување кон дигиталното време.
Северна Македонија мора да се вклучи на новото дигитално време и мора да ги искористи предностите коишто ги нуди современата технологија. Кадиевска Војновиќ укажува дека потребна е Стратегија за развој на финтек индустријата во Република Северна Македонија.
„Во неа треба да се почне од дефинирање на јасни цели, а тоа е дека FinTech-от влијае на зголемување на финансиската инклузија на населението, го подобрува пристапот до финансии и за микро, малите и средни претпријатија, го зголемува протокот на парите во економијата или со еден збор, ја зголемува вкупната моќ на економијата. Воедно, работењето на финтек компаниите ја зголемува конкуренцијата и ги поттикнува иновациите во рамки на традиционалните даватели на финансиски услуги, а иновациите се својствено дефлаторни, односно имаат пониски цени на финансиските производи и услуги. Од влезот на FinTech-от сите ќе имаме полза“, заклучи Маја Кадиевска Војновиќ.
Покрај креирање стратегија, соодветната регулатива треба да овозможи развој на FinTech во нашата држава. Исто така, потребно е сите регулатори да се спремаат за новото време. Во овој контекст, дијалогот со регулаторот за стабилноста на секторот на финансиските друштва сега е како никогаш порано повеќе од потребна.
„2021 година ја гледаме како година на Финтекот во нашата земја и очекуваме забрзани активности од страна на регулаторот и институциите во насока на подршка на развојот на овој сектор во Северна Македонија. Ценам дека небанкарските финансиски друштва кај кои Финтекот е интегриран во основата на нивното работење, а особено членството на АФД како едни од технолошки најнапредните небанкарски финансиски друштва во нашата земја, располагаат со одлично знаење и експертиза во областа, и можат да понудат значајна поддршка за креирање на стратегиите“ – изјави Филип Димитровски, Претседател на Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Северна Македонија.
За илустрација, согласно податоците од последниот Извештај за финансиска стабилност од 2019 година на Народната банка на Северна Македонија, банките учествуваат со 81,4% во вкупните средства на финансискиот систем, а евидентно во последните неколку години, расте учеството на небанкарските финансиски друштва, и тоа до 0,6% од вкупните средства на финансискиот систем.
Повеќе информации за Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија се достапни на веб страницата www.afd.mk.
Анализи
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.⇑ (more…)
Анализи
ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата. (more…)
Анализи
Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје