Домашни банки
Финансискиот резултат на ТТК Банка АД Скопје на еден месец пред крајот на оваа година достигна 91,5 милиони денари

На еден месец пред крајот на оваа година финансискиот резултат на ТТК Банка АД Скопје достигна 91,5 милиони денари. Остварениот финансиски резултат го надминува оној што беше очекуван со првичните согледувања за последиците што ќе ги предизвика светската пандемија од вирусот COVID-19, и е со зајакнат квалитет бидејќи произлегува од ефектите на редовното работење. Со тоа се потврдува одржливоста на деловниот модел и успешното управување на Банката во сите нејзини аспекти на работење.
Во овие сложени и кризни услови, ТТК Банка АД Скопје успеа да го задржи пазарното учество во однос на активата и кредитите. На годишно ниво, Банката реализира позитивни трендови на раст на кредитната и депозитната активност. Кредитниот раст и оваа година позначајно произлегува од пласманите кај домаќинствата на долг рок, и тоа пред се на станбени и потрошувачки кредити.
Банката ги презема сите неопходни активности за одржување на квалитетот на портфолиото, преку градење стабилни и трајни односи со корисниците, ефикасно управување со кредитниот ризик, добро организирана наплата, развој на понудата на производи и изнаоѓање флексибилни решенија приспособени на потребите на физичките и правни лица.
Како илустрација за доброто управување со кредитниот ризик претставува и показателот за учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансиските субјекти, кој кај Банката, на 31 октомври 2020 година, изнесува 1,1%, што претставува историски минимум и е на пониско ниво во споредба со показателот како на ниво на банкарскиот систем, така и на ниво на групата мали банки каде што припаѓа ТТК Банка АД Скопје.
ТТК Банка АД Скопје и понатаму ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и го прилагодува своето работење на новонастанатите состојби и пазарните услови, со фокус кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.
Со цел креирање одржливи и ефикасни процеси и реализација на планираниот обем на активности во согласност со Деловната политика, во услови кога е неопходно минимум присуство во банките, Банката ќе продолжи да работи на дигитализација на процесите и надградба на производите и услугите достапни преку дигиталните канали (електронско и мобилно банкарство).
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје