Странски банки
Финансискиот магазин „Euromoney“ и додели шест награди на Уникредит банка

„UniCredit Banca” објави дека освоила шест награди за извонредност и исклучителност доделени од меѓународниот финансиски магазин „Euromoney“.
Наградите кои и беа доделени на „Unicredit Banca” се за најдобра банка во Централна и Источна Европа, за најдобра банка во Австрија, за најдобра банка во Босна и Херцеговина, за најдобра банка во Бугарија, за најдобра банка во Германија и за најдобра банка за трансакциски услуги во Централна и Источна Европа се наведува во соопштението на Банката.
Се потсетува дека наградите на „Euromoney“ се доделуваат од 1992 година и се сметаат за престижна програма за награди за глобалната банкарска индустрија, откривајќи, како што е истакнато, најдоброто од најдобрите во сите земји кои нудат банкарски услуги.
Како и во претходните години, критериумите за доделување на наградите се базираат на различни критериуми кои вклучуваат профитабилност, видлив раст, иновативност, нови услуги, остварување на релативно подобри перформанси во однос на конкурентите и можност за прилагодување кон променливите услови на пазарот и потребите на клиентите.
Процесот на избор трае повеќе од два месецa со учество на новинари и кореспонденти на „Euromoney“ магазинот кои го имаат завршниот збор при изборот на добитниците на наградите.
„Наградите од реномиран финансиски магазин како што е „Euromoney“ за најдобра банка на овие пазари е јасен доказ за огромната работа што ја извршуваат нашите тимови и нашите континуирани напори за поддршка на сите клиенти низ Групацијата. Јас сум бескрајно горд на добиените награди кои се производ на одличните резултати што ги постигнавме и би сакал да им се заблагодарам на сите наши вработени во Европа кои продолжуваат неуморно да работат за да ни помогнат да ги исполниме нашите обврски“, изјави извршниот директор на „UniCredit“, Жан-Пјер Мустиер.
Странски банки
ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)
Странски банки
ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)
Странски банки
ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка
- Анализипред 2 weeks
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот