Connect with us

НБРМ

Финансиската стабилност и натаму ќе се зајакнува

Објавено

на

Одржувањето на финансиската стабилност на земјата е приоритет. Финансиските регулатори постојано работат на унапредување на анализите и на следењето на системските ризици, согласно со највисоките меѓународни стандарди. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за финансии, Нина Ангеловска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Попоски и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Максуд Али, на денешниот состанок на финансиските регулатори, посочија дека се спроведуваат најдобрите практики од овој домен, во согласност со препораките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во рамки на Програмата за проценка на финансискиот сектор (мисија ФСАП).

Во дискусијата на работниот состанок, акцентот беше ставен на активностите што се преземаат од регулаторните институции, поединечно и заеднички, за успешно усогласување со европските директиви и препораките од мисијата ФСАП. Уште на почетокот на средбата беше искажана целосна подготвеност на сите институции за спроведување на овие активности, по што поконкретно се разговараше за динамиката на нивното спроведување. Беше нагласено дека е добро и активностите да се одвиваат синхронизирано, со цел во претстојниот период координирано да се развиваат механизмите преку кои дополнително ќе се зајакнува стабилноста на финансискиот систем.

На средбата се разговараше и за потребата од продлабочување и формализација на соработката меѓу финансиските регулатори, заради воспоставување соодветна макропрудентна рамкасогласно со директивите на ЕУ и препораките на мисијата ФСАП. Во однос на ова, Народната банка презентира предлог-текст на Меморандум за соработка, којшто во најскоро време би требало да биде потпишан. Со тоа се потврдува заложбата кај регулаторните институции и нивната цврста решеност за воспоставување уште поуспешна соработка за јакнење на стабилноста и на прудентноста на нашиот финансиски систем.

Исто така, на состанокот беше посочено дека успешно е започнат и процесот за јакнење на заштитата на потрошувачите, односно корисниците на финансиските услуги, согласно со најдобрата европска практика.

Заокружувањето на низата активности поврзани со натамошното јакнење на домашната регулатива и на супервизорските практики на регулаторните институции ќе обезбеди дополнителни гаранции за отпорноста на нашиот систем и за неговата уште поголема подготвеност за апсорбирање на потенцијалните шокови.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: За побрз раст на малите економии се неопходни поголем извоз и продлабочување на интеграцијата во меѓународната економија

Објавено

на

И во текот на ковид-кризата, извозниот сектор е клучен за економијата. Искуствата покажуваат дека за побрза реална конверегенција, за малите и отворени економии се неопходни забрзување на извозот и продлабочување на интеграцијата во меѓународната економија. Ова меѓу другото го истакнува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во изданието „Топ 100 извозници“ на специјализираниот портал „Извоз.мк“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ебле од ММФ: Затворањето на „Еуростандард банка“ покажа дека НБРСМ е подготвена да преземе навремени активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем

Објавено

на

НБРСМ е независна институција којашто има законски мандат да придонесува кон одржување на финансиската стабилност и да ги штити интересите на депонентите. Согласно со најдобрите меѓународни практики, обврските и овластувањата на НБРСМ вклучуваат одземање на дозволата на банка кога таа повеќе не ги исполнува условите за да ја задржи дозволата – што вклучува и непостапување по корективни мерки изречени од НБРСМ во претходно определен временски рок. Во случајот со Еуростандард банка, одлуката за одземање на дозволата била донесена откако НБРСМ утврдила дека капиталот на Банката паднал на многу ниско ниво што не ѝ дозволува да продолжи со своето работење – одлука донесена со цел да се заштитат интересите на депонентите и финансиската стабилност. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Анкета на Народната банка: Довербата во домашниот финансиски систем е висока

Објавено

на

Довербата во домашниот финансиски систем е висока и во споредба со минатата година останува на високо непроменето ниво, потврдуваат резултатите од годишната Анкета за оцена на ризиците врз финансиската стабилност, коишто се објавени неодамна. Оваа анкета се спроведува еднаш годишно, во текот на првиот квартал, а годинава се прошири опфатот на испитаниците. Покрај до банките, кои претходно беа единствените учесници, оваа година, анкетата беше доставена и до штедилниците, друштвата за управување со пензиските фондови, осигурителните друштва, финансиските друштва, брокерските друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и економските аналитичари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно