Connect with us

Домашни банки

Финализира распределбата на картичките „Купувам домашно“ од страна на Комерцијална банка

Објавено

на

Со изработка на преку 53.000 платежни картички „Купувам домашно“, од кои над 93 отсто веќе се подигнати од корисниците, Комерцијална банка АД Скопје го финализира процесот согласно планираната динамика. Изработени се и платежните картички доделени на Банката по прифатени рекламации од страна на Владата на Република Северна Македонија, а во тек е нивната распределба.

За платежните картички кои сè уште не се распределени, а се по основ на прифатени рекламации од Владата, клиентите поединечно добиваат информација во која експозитура може да си ја подигнат картичката, процес кој ќе заврши во следните неколку дена. Платежните картички „Купувам домашно“ што ги издава Комерцијална банка се активни со самото издавање, односно на нив има расположливо салдо, така што веднаш може да се користат во малопродажната мрежа или во електронска трговија, согласно Уредбата на Владата за нивна употреба. Клиентите немаат потреба од Интернет, активација на ПОС или банкомат или каков било дополнителен чекор, пред употреба на картичката.

Распределените платежни картички од страна на Комерцијална Банка АД Скопје, клиентите ги користат за трансакции во сите типови дејности дозволени согласно владината уредба, а најзастапени се трансакцииите во маркети, кои учествуваат со над 85% во вкупниот промет. Над 78% од средствата на подигнатите картички се веќе потрошени. Незначителен број од клиентите, иако ја подигнале картичката во средината на јуни, сè уште немаат ниедна трансакција. Финансиската поддршка од домашната платежна картичка може да се користи заклучно со 15.08.2020 година, кој е законски предвиден рок од страна на Владата на РСМ, и исклучиво со картичката „Купувам домашно“.

Со успешното финализирање на овој процес Комерцијална банка придонесе за безбедно спроведување на проектот „Домашна платежна картичка“, кој треба да обезбеди финансиска поддршка за најранливите категории граѓани во услови на пандемија со вирусот Ковид-19. Грижата за здравјето на клиентите и на вработените останува примарна цел на Банката.

Домашни банки

Силк Роуд Банка на корисниците на American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на готовина без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава

Објавено

на

Силк Роуд Банка на своите корисници кои поседуваат American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на средства без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава, заклучно до 31.12.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје продолжува со својата општествена одговорност за поздрава животна средина и за спортска активност и здрав начин на живот за граѓаните

Објавено

на

Со отворањето на #Велоштад во текот на вчерашниот ден, Скопје ја доби 6тата станица за поправка на велосипеди, донација од Стопанска банка АД – Скопје за Град Скопје.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Електронско ажурирање на личните податоци во НЛБ Банка без посета на експозитура

Објавено

на

Ажурирајте ги Вашите податоци во НЛБ Банка, брзо, лесно и едноставно! (more…)

Продолжи со читање

Популарно