Connect with us

Business Woman

Филомена Пљаковска Аспровска од КаСис меѓу најуспешните жени менаџерки за 2022

Објавено

на

Агенцијата „Марили“ викендов ја додели наградата „Жена водилка“ на најуспешните жени менаџерки за 2022 година.

На свечената манифестација „Избор на најуспешни жени менаџерки 2022“ во Охрид беа прогласени 20 менаџерки од нашата држава и од регионот чиј квалитет и способности ги издвојува во бизнисот. Меѓу наградените е извршната директорка и претседателка на Управниот одбор на единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички Интернационален Картичен Систем – КаСис АД Скопје, Филомена Пљаковска Аспровска чиј продонес за развојот на компанијата но и унапредувањето на електронската трговија во земјава во исклучително тешки услови какви што имавме изминативе години ја прави пример за жена со неверојатни менаџерски способности и иновативен капацитет.

„Оваа награда не е само моја, ова е признание за целиот тим на КаСис кои се вложуваат себеси во работата чии резултати ги гледаме секојдневно и ги чувствува секој граѓанин при секое плаќање онлајн или користење на својата платежна картичка. Признанијата и наградите се мотив да се трудиме повеќе, да ги поставуваме критериумите уште повисоко и да настојуваме да ги надминеме. Ме радува што успеавме толку многу да направиме со КаСис изминативе години и да бидеме синоним за безбедни, сигурни и ефикасни платежни услуги. Благодарна сум на „Марили“ за наградата и честитки за организацијата на настанот.“ – изјави Пљаковска Аспровска по приемот на статуетката.

Агенцијата Марили овој настан го организира традиционално веќе 26 години. Меѓу наградените годинава беше и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска која доби специјална награда за успешно водење на монетарната политика во државата во услови на кризи.

Business Woman

Нина Ангеловска избрана како финалист за “Награда за животно достигнување” од глобалната организација Women in Tech

Објавено

на

Нина Ангеловска, е избрана како финалист за “Наградата за животно достигнување” (Lifetime Achievement Award) која ја доделува глобалната организација Women in Tech. Помеѓу деветте финалисти за оваа награда се и Директроката на Oracle од САД, Претседателката и оперативна директорка на SpaceX од САД, Директората за технолошка трансформација на Новартис од Швајцарија, и уште неколку жени со значајни достигнувања и успеси зад себе. (more…)

Продолжи со читање

Business Woman

Извршната Директорка на Триглав Осигурување – Живот, Вилма Учета Дузлевска, ја прими наградата „Business Elite Awards” бренд на „Global Top Brands Awards”

Објавено

на

Наградата за успешен бизнис лидер на настан организиран од познатата „Business Elite Awards” оваа недела во Истанбул, Турција на свечен церемонијален настан ја прими Вилма Учета Дузлевска, долгогодишен извршен директор и голем познавач во областа на осигурувањето. (more…)

Продолжи со читање

Business Woman

Маја Наумовска Савеска од Халкбанк ќе ја претставува нашата земја во стручното жири на КАКТУС 2021

Објавено

на

Помеѓу 15-те избрани маркетинг и креативни професионалци кои го сочинуваат регионалното стручно-жири на овогодинешното издание на КАКТУС фестивалот, што ќе одлучи за најдобрите проекти, кампањи, компании, институции и агенции од минатата година во соседна Србија, се наоѓа и еден претставник од нашата земја. (more…)

Продолжи со читање

Популарно