Connect with us

Домашни банки

ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО НЛБ БАНКА: Вработен украл 2 милиони франци и 270.000 евра

Објавено

на

Утрово граѓаните на земјава се разбудија со веста која брзо се прошири во јавноста дека трезорот на една од најголемите банки во Македонија е “олеснет” за 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра.

 

Полициски извори велат дека вработен во НЛБ Банка, со иницијали Б.С. од трезорот во централата на банката украл 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра. Досегашниот тек на истрагата, обелоденува дека вчера попладне вработениот без да биде забележан од колегите ги земал парите, ги ставил во торба и без да биде забележан од обезбедувањето излегол од банката. Потоа се губи секаква трага со 40-годишниот Б.С. од Скопје. Случајот бил пријавен во МВР вчера во 16:58 часот од страна на директорот во трезорот на НЛБ Банка.

 

Порталот Фактор објави дека со ништо не можело да се наговести дека Б.С. кова пеколен план бидејќи тој секојдневно и рутинирано си ги извршувал своите работни обврски, секогаш пиел кафе или одел на појадок со останатите вработени. Б.С. е татко на две малолетни деца, семеен човек на 40 годишна возраст.

 

Од НЛБ Банка сеуште нема официјална изјава за настанот, со цел јавноста да добие веродостојни информации за моменталната ситуација. Се очекува во текот на денот менаџментот на Банката да излезе со информација и обелоденување на вчерашните случувања и текот на истрагата.

 

 

 

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно