Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Филмски вооружен грабеж на банка во Скопје

Објавено

на

Македонија се повеќе наликува на “Дивиот запад”. Доказ за тоа е денешното разбојништво, кое што се случи во експозитурата на Халкбанка АД Скопје на Качанички пат кон Визбегово.

Пет маскирани вооружени разбојници, влегле во банката, им се заканиле со автоматско оружје на вработените, ја ограбиле експозитурата на Јадранската магистрала и избегале.

По филмскиот грабеж, разбојниците влегле во автомобилот со кој дошле на местото на злосторот и се упатиле во непознат правец.

Сеуште не е познато за колкава сума на пари се работи. Грабежот е пријавен во полиција и МВР трага по разбојниците.

Вакви тажни случки и филмски грабежи се случуваат се почесто, па се поставува прашањето колку банкарските работници се сигурни на своите работни места?

Дали треба да дојде до немил настан и жртви за да се сфати ризикот кој вработените го носат?

 

 

Домашни банки

Константин Илијчов Арнаудов нов член на Надзорниот одбор на УНИБанка

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал Банка: Известување за промена на работното време на УТМС

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека шалтерот на Банката со седиште во УТМС, ќе работи со продолжено работно време во следниов период: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Финансиска училница“ во реализација на Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Со цел да им помогне на младите поподготвени да влезат во светот на личните финансии и да почнат да градат здрави финансиски навики, Комерцијална банка АД Скопје го иницираше проектот „Финансиска училница“, кој е дел од стратегијата на Банката за општествена одговорност. Вработени на Банката веќе ги посетија средните училишта „Јосип Броз Тито“ и „Орце Николов“ во Скопје, каде еден училишен час беше претворен во „Финансиска училница“. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange