Connect with us

Интервјуа

Филип Димитровски: Специјализираните и професионални медиуми се од голема полза за граѓаните и општеството

Објавено

на

Секогаш на страната на корисниците, ја подигнуваме конкуренцијата во банкарскиот и финансискиот сектор. Зголемување на компетитивноста преку квалитетно информирање за услугите кои се нудат на пазарот треба да води кон поголема компетитивност и подобри услови за крајните корисници.

Во кампањата иницирана од Банкарство.мк се приклучува и Филип Димитровски, претседател на Асоцијацијата на финансиски друштва, според кого објективните и транспарентни информации се од значајна помош за финансиските друштва при креирање на квалитетни производи и активности од кои ползуваат граѓаните и општеството.

Од особена важност е постоењето на специјализирани и професионални медиуми кои објективно и транспарентно информираат за случувањата од финансиската локална и глобална сцена. Банкарство.мк е релевантен извор на информации, анализи и мислења кои ни помагаат нам како Асоцијација на Финансиски Друштва да носиме подобри одлуки во креирањето на нашите активности од кои ползуваат граѓаните и општеството од една страна, а од друга, постоењето на можности за соработка во насока на промоција на небанкарскиот финансиски сектор и Финтек индустријата пред пошироката јавност“, вели Филип Димитровски, претседател на АФД – Асоцијацијата на финансиски друштва.

Најважните информации за банкарскиот сектор и финансиите во државата на едно место со цел подобра информираност на клиентите за да можат да носат подобри одлуки.

Финансиско информирање достапно за секој, за подобри услуги за клиентите, е главното мото во кампањата која ќе трае во наредниот период и во која учествуваат релевантни предводници на банкарскиот и финансискиот сектор, како и на регулаторните тела од овие гранки.

Интервјуа

Билал Суџубаши: Следете ги препораките, Халкбанк е тука за сите вас бидејќи сите сте важни!

Објавено

на

Свое обраќање до клиентите, вработените и целокупната јавност имаше главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, г-дин Билал Суџубаши.

(more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Лукаревска: Со сите информации на едно место се подигнува финансиската писменост

Објавено

на

Подигнувањето на финансиската писменост на населението е од исклучителна важност со цел носење на правилни и информирани одлуки.

Соња Лукаревска, директор на Управата за јавни приходи, се вклучи во кампањата на специјализираниот веб сајт Банкарство.мк за подигнување на информираноста на корисниците, како и за зголемување на компетитивноста во банкарскиот и финансискиот сектор што ќе доведе до подобри услуги за крајните клиенти.

„Постоење на специјален веб сајт за банкарство, во кое на едно место ќе се обединуваат банкарски и финансиски информации ќе доведе до подигнување на финансиска писменост кај населението, брзо споделување на информации и следење на светските трендови. Брзото темпо на живот налага да бидеме постојано во тек со домашните и светските случувања во светот на финансиите, а овој сајт тоа и го овозможува“, вели Лукаревска за Банкарство.мк.

Финансиско информирање достапно за секој, за подобри услуги за клиентите, е главното мото во кампањата која ќе трае во наредниот период и во која учествуваат релевантни предводници на банкарскиот и финансискиот сектор, како и на регулаторните тела од овие гранки.

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју Деспотовски: Стануваме иновациски и стартап центар во регионот за ново поглавје на македонската економија

Објавено

на

Преку Фондот за иновации и технолошки развој поминаа веќе 340 компании кои добија соодветни финансии за развој на нивната бизнис идеја. Директорот Јован Деспотовски за Банкарство одговара на сите клучни прашања, од тоа дали се видливи почетни ефекти од вложените средства, како се гарантираат критериумите за избор на апликациите, како ФИТР ќе ја развива стартап понудата и нивото на иновациите и дали буџетот за нови вложувања ќе расте. Деспотовски во интервјуто вели дека моделот поставен од Светска банка функционира одлично и дека странски експерти одлучуваат на кого ќе се доделат средствата. Тој посакува фондот да расте постојано и подготвен р за првата регионална мисија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно