Connect with us

Странски банки

ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка

Објавено

на

Американските Федерални резерви (ФЕД) ја зголемија референтната каматна стапка за четвртина процентен поен и одлучија оваа година да постојат вкупно три зголемувања.

ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка на ниво меѓу 1,5 на 1,75%, воедно наведува и дека продолжува да го намалува своето портфолио на обврзници.

Официјалните претставници на централната банка на САД најавија брзо зголемување на референтната камата, наведувајќи го како причина подобрувањето на економските политики, пренесува Блумберг.

Федералните резерви очекуваат дека невработеноста ќе падне на 3,6% до крјаот на следната година, додека во декември се предвидуваше дека ќе биде на 3,9%. Моментално, невработеноста е на нивото од 4,1 %.

Со побрз раст и помала невработеност, официјалните претставници на ФЕД очекуваат дека основната инфлација, не сметајки ги храната и енергијата, ќе порасне на 2,1 проценти во 2019 и 2020 година, што е малку над целните два проценти.

Странски банки

Дојче банк и Комерцбанк во формални преговори за спојување!

Објавено

на

Двете најголеми германски банки, Дојче банк и Комерцбанк, ќе започнат формални преговори за спојување. Оваа најава става крај на шпекулациите кои кружеа низ медиумите изминатиов период. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Raiffeisen bank ja посакува Комерцијална банка!?

Објавено

на

На “радарот” за потенцијални аквизиции на Raiffeisen bank International (RBI), меѓу другите, се наоѓа и Комерцијална банка а.д. Београд, беше откриено на денешната прес-конференција на RBI во Виена. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се спојуваат два банкарски гиганти, акциите пораснаа до небо!

Објавено

на

Акциите на Дојче банк и Комерцбанк драстично ја зголемија својата вредност, по веста дека раководството на Дојче банк договорило прелиминарни разговори за евентуалното спојување на овие две финансиски институции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange