Странски банки
ФЕД СО БРЗ ОДГОВОР ДО ЕЦБ – ново големо зголемување на каматните стапки од 0,75 проценти

На состанокот во средата, американската централна банка Federal Reserve (Fed)ги зголеми клучните каматни стапки како и што се очекуваше, за дополнителни 0,75 процентни поени, втор месец по ред, на опсег од 2,25 до 2,50 проценти.
За само два месеци американската централна банка ги зголеми клучните каматни стапки за 1,5 процентни поени, што претставува најагресивно заострување на монетарната политика од 1990-тите.
На овој начин ФЕД се обидува да ја заузда високата инфлација, која моментално е на највисоко ниво во последниве повеќе од 40 години, односно од далечната 1981 година и изнесува неверојатни 9,1%.
Инвеститорите, пак, ги охрабри изјавата на претседателот на ФЕД, Џером Пауел кој на прес-конференцијата порача дека дека натамошните потези на централната банка ќе зависат од идните економски показатели и во иднина би требало да се очекува забавување на темпото на заострување на монетарната политика во САД, односно забавување на темпото на растот на каматите.
„Откако монетарната политика дополнително е заострена, во следниот период веројатно ќе е соодветно да биде забавено тоа темпо, додека не ги анализираме ефектите на прилагодувањето на нашата политика врз економијата и инфлацијата“, изјави Пауел.
Пауел порача дека економскиот раст забавува, но дека американската економија не е во рецесија, на што, меѓу другото, укажува силниот пазар на трудот. Вложувачите, имено, стравуваат дека агресивното зголемување на каматите ќе ја турне економијата во рецесија.
Странски банки
Европската централна банка ги зголемува референтните каматни стапки за 25 базични поени

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени поради високите инфлациски притисоци. (more…)
Странски банки
ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматните стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка како дел од борбата против инфлацијата, на следниот состанок на Советот на гувернери. (more…)
Странски банки
Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје